Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СВЕТ
Кардиналите на Романско-Католичката црква денеска се молеа за да добијат духовни насоки пред да започне зад затворени врати конклавата за избор на нов папа, во еден од најтешките периоди во историјата на оваа Црква
Авганистанскиот претседател Карзаи излезе со обвинување до САД и Талибанците, велејќи дека тие се виновни за сеење страв за Авганистан по 2014 година. Карзаи ја откажал планираната прес-конференција со американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор која беше исклучена од матичната партија ХДЗ, во интервју за Јутарњи лист вели дека е прислушкувана и уценувана со порно видео, кое всушност е непостоечко
Нома ресторанот во Копенхаген, кој важи за најдобар во светот веќе 3 години, беше принуден да се извини откако беше објавено дека повеќе од 60 луѓе имале труење со храна во февруари, во период од 5 дена. Албанецот со македонско потекло Рене Реџепи е човекот кој е заслужен за признанијата на Нома, како шеф на овој врвен ресторан
Легендарната виенска филхармонија треба да објави детали од својата историја за време на нацистичката ера, како одговор на обвинувањата на прикривање дека служела како пропаганден инструмент во 1939 г.
Претседателските избори во Венецуела за да го заменат починатиот венецуелски лидер Хуго Чавез, ќе се одржат на 14 април. Мадуро е фаворит, човекот кој и самиот Чавез го прогласи за свој наследник
Претставниците од „тројката“ кредитори, Европската Унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, во Атина ги следат чекорите кои ги презема Грција
Остојиќ се поврзува со малверзациите околу пренамената на земјиште во Истра, во што биле вмешани и неговата жена и членови на семејството
Мадуро во петокот ја положи заклетвата како привремен претседател. На полагањето на заклетвата не присуствуваа голем број опозициски пратеници, кои го оспоруваа неговото именување
Кина, единствениот голем сојузник на комунистичкиот режим во Пјонгјанг, сака санкциите во целост да бидат спроведувани.
Познатата екс- новинарка на ХТВ Дијана Чуљак беше уапсена минатата ноќ во пред својот дом во центарот на Загреб, во друштво со својот партнер, поранешниот полициски директор Оливер Грбиќ, пишува Јутарњи лист
Според обемно истражување на климатски податоци, на Земјата денес е потопло отколку во поголемиот дел на претходните 11.300 години