Browsing: СВЕТ

Повеќе од 140 католички кардинали од целиот свет се собраа денеска во Ватикан, каде започнува процес на избор на нов папа. Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди изјави дека темата е ставена на маса, но одлуката не е донесена

Според првичните информации, извор за појавата на афлатоксин во млекото е пченката која се користела како храна за кравитe, пренесува новинската агенција Итар Тас

Индијката Ира Шармила 12 години нема земено тврда храна, бидејќи штрајкува со глад во знак на протест за индискиот закон кој им овозможува на војниците да ги убиваат екстремистите без гонење и притвор без налог во индискиот дел на Кашмир

Седумнаесет луѓе се убиени во два напада врз полицијата во Кенија на денот кога во оваа земја се гласа на претседателските, парламентарните и регионалните избори, соопшти локалната полиција

Поранешната НБА-ѕвезда, Денис Родман изјави дека добил порака од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во која се вели дека не сака војна со САД туку само сака да зборува со американскиот претседател Барак Обама за заедничката страст – кошарката

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер го погоди југозападниот дел на Кина, при што оштетени се илјадници домови и најмалку 30 лица се повредени