Browsing: СВЕТ
Во големата спасувачка операција се‘ уште не е пронајдено ниту едно преживеано лице, иако изминаа повеќе од 24 часа откако во големо лизгање на земјиштето во Тибет беа затрупани 83 рудари, врз кои паднаа речиси два милиони кубни метри земја
На Ибарската магистрала кај гробиштата Орловача експлодирал гасовод, јави српската полиција
Русија денеска упати апел до Северна и Јужна Кореја и до САД да покажат „највисок степен на одговорност и воздржаност“, откако Пјонгјанг соопшти дека е во воена состојба со Сеул
Украина, заедно со Словенија и Малта, може да биде следната европска земја на која и се заканува банкрот поради внатрешни финансиски потешкотии, тврди Тимоти Аш
Папата Франциско го пофали „пријателството со толку многу Муслимански браќа“ за време на пророцесијата по повод католичкиот Велики петок која го претставува Исусовото воскресение
Словенечкиот весник, Дело, објавува дека поранешниот скијач, Борис Стрел, се самоубил
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано ќе одржи нов круг консултации со политичките партии денеска, по неуспехот на лидерот на италијанската левица Пјер Луиџи Берсани да формира коалициска влада
Словенечката полиција поведе опсежна истрага за штета нанесена на Телеком Словенија во перидот од 2006 до 2010 година, во вредност од најмалку 25 милиони евра, при што приведе седуммина поранешни менаџери на компанијата
САД „многу сериозно“ ги сфаќаат заканите од Северна Кореја: властодржецот во оваа земја сака да „расчисти сметка“ со Вашингтон
САД соопштија дека два бомбардери Б-2, невидливи за радарите, во четврток ја надлетаа Јужна Кореја, за да ја одвратат Северна Кореја од евентуален напад на оваа земја
На улиците се распоредени силни полициски формации бидејќи се стравува од можни нереди при очекуваната навала за подигање на пари од банковните сметки
Рускиот претседател Владимир Путин нареди непланирани воени вежби во регионот на Црното Море, што може да доведе до зголемување на тензиите со Украина и Грузија















