Општина Центар денеска поднесе барање до Министерството за транспорт и врски за преземање на правото за вршење на работите за располагање со градежното земјиште во сопственост на Македонија за територијата за општина Центар-Скопје.
Од општината соопштуваат дека во барањето приложена е и целокупната документација пропишана со Законот за градежно земјиште. Се очекува, Министерството за транспорт и врски во согласност со своите надлежности да постапи по барањето во најкраток можен рок.
>> По третиот обид Центар го презема државното земјиште на својата територија
– Општината имаше можност раководењето со градежното земјиште да го преземе од 01.07.2011 година, односно шест месеци по стапување во сила на Законот за градежно земјиште, објавен во Службен весник на РМ бр. 17 од 11.02.2011, но факт е дека тоа до денес не е направено, потенцираат од Центар, и образложуваат дека со преземањето на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, ќе овозможи домаќинско раководење со истото, во корист на граѓаните на Општина Центар.
>> Отказ за петмина вработени во Катастар, поради скандалозната продажба кај Веро
Денешното официјално барање на општина Центар доаѓа по изгласувањето на Предлог-Програмата во Советот по дури третиот обид, откако во јавноста се појавија бурни реакции за продажбата на земјиштето близу Веро центарот за симболично 1 евро за метар квадратен.




