„Залуден ви е трудот свирачи“ (Узалуд вам труд свирачи), со оваа позната хит нумера,
легендарното „Прљаво Кзалиште“, го заврши двочасовниот новогодишен концерт на Сквер
Јадран.
Но, многубројната публика залудно не се собра во „Град во градот“, фестивал организиран од општина Центар.Не беа само центарци, туку и од сите општини и од други градови.

Уживаа и се забавуваа во „Црно-бјели свет“, „ Херои улице“ , Широки улици“, пееја за една
Марина, пиеја и танцуваа со „Есенски дождови“.
Песната ги спои и помладите, но и оние кои растеа и се заљубуваа со песните на „Прљаво
казалиште“.

Во прекрасниот амбиент се пееше, играше, падна и по некој одамна заборавен бакнеж, се роди по некоја нова љубов.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, честитајќи ја Новата година, посака за сите среќа, здравје , спокој и љубов.

„Ви посакувам вашата насмевка во Новата година да биде посилна од сите проблеми“, рече
Жерновски.
Посака „Прљаво казалиште“, кои почнуваат да го работат новиот албум, токму тука, во Скопје и да го промовираат.

Ова беше и последниот ден од 4-дневната манифестација . На Скопје му се случи вистински „Град во градот “, со убавата дружба, со музиката а Нокаут, Бени, Игор, Супер Хикс, Деј оф, Драган Б.Костиќ, со детската забава.




