Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центар во војна со Град Скопје:Трајановски ќе мора да ги плати милионските такси

0
By Нова ТВ on May 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 30, 2014 13:28

Општина Центар и ЈП Паркинзи на општина Центар мора да се одбранат од нападите.
На прес конференција градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочија дека најавитеод власта по изборите дека ќе има промени кон општина Центар почнаа да се реализираат со отворање на нова војна од страна на град Скопје кон општината Центар и ЈП ПОЦ.

Во понеделник почнува уништувањето во паркинзите во Дебар Маало.

„Ова дивеење од понеделник ќе нанесе штета врз ПОЦ, кое од уништено јавно претпријатие, благодарение на директорот и менаџерскиот тим почна да функционира, но ќе нанесе штета и врз граѓаните. Нема да има контрола кој каде ќе се паркира. Она што е тажно е различниот третман што го надлежните кон ЈП Градски Паркинг и кон ПОЦ“, рече Жерновски.

Регулативата не е средена во ЈП Градски Паркинг, но таму нема проблеми.

„Досега одбегнувавме војна, но доколку ја реализираат намерата да ги уништат паркинзите во Центар, тогаш градоначалникот на Скопје ќе мора да ги плати комуналните такси од неколку милиони евра затоа што наплаќале на улиците кои се под ингеренции на општина Центар. Коце Трајановски нека ги спреми парите, затоа што законите мора да функционираат“, појасни Жерновски.

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочи дека цело време биле во контакт со надлежните од град Скопје за сообраќај. За се’, рече тој, имаме поднесено проекти, кои претходно со нив беа заеднички разгледувани и усогласувани. По неколку месеци од поднесување на проектот, тој бил враќан назад со нови барања и забелешки.

„За да се види и разреши проблемот ги повикувам да формираме координативно тело и заедно да го решиме проблемот со паркирање во општина Центар, бидејќи тоа го бараат граѓаните. На улиците Орце Николов, Максим Горки, улиците околу МРТВ и катната гаража, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг немаат соодветни решенија и проекти, но Градски Паркинг нема проблем“, рече директорот на ЈП ПОЦ, Богдановиќ.

Потсети дека долгот затечен од претходното раководство од 200.000 евра е решен и сега некој намерно сака да го уништи претпријатието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.