Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центар за граѓански комуникации: И натаму ниско ниво на конкуренција

0
By Нова ТВ on December 10, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, во првото полугодие од 2015 година.

Еден од клучни наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки, според мониторингот е ниското ниво на конкуренција, со што, како што наведуваат од Центрот „се доведува во прашање ефективноста во трошењето на јавните пари“.

Втората констатација е дека Советот за јавни набавки, основан за да ја зголеми конкуренцијата, досега не дал резултати. До Советот за јавни набавки во првото полугодие од годинава се доставени 10.362 барања за согласност, што ги чинело институциите дури 74,3 милиони денари односно 1,2 милиони евра.

Мониторингот на Центарот за граѓански комуникации, кој заедно со Фондацијата Отворено општество Македонија, Младинскиот образовен форум, Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација го спроведуваа проектот на УСАИД за граѓанско општество, регистрирал дека воведената контрола ги дисциплинирала институциите и ги принудила да го намалат користењето на нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување на оглас. Така, во првото полугодие од годинава, вредноста на овие договори изнесува околу 11,5 милиони евра и е за 61,4% помала од истиот период лани.

– Во првото полугодие од 2015 година поништени се 18,5% од огласените тендери. Со ова е забележан благ пад на бројот на поништувања на тендерите во однос на претходните периоди, а во истиот период фирмите доставиле и најмал број на жалби во изминатите неколку години. Односно, вкупно до Државна комисија за жалби по јавни набавки се доставени 252 жалби, што е за дури 23,6% помалку од истиот период лани. Повеќе од половина од жалбите се доставени од фирми кои ги оспоруваат донесените одлуки за избор на најповолна понуда во тендерите, се наведува во мониторингот на Центарот за граѓански комуникации на постапките за јавни набавки во Македонија, во првото полугодие од 2015 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.