Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чадеж: Во Скопје почнуваме нова ера на економска и политичка соработка во регионот

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 28, 2021 12:49

Бизнисмени од Србија, од Северна Македонија и од Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател отпатува во Скопје со преставници на над 200 компании, јави дописникот на МИА од Белград.

– Србија, Албанија и Северна Македонија ќе отворат нова ера на економска и политичка соработка по големиот деловен форум што утре во Скопје ќе собере околу 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на бизнисмените, соопшти претседателот на Српската стопанска комора, Марко Чадеж.

Барањата на економијата и идејата за единствен пазар на кој компаниите би работеле многу полесно, поедноставно и побрзо, во пракса треба да ги спроведе – политиката, поради што на собирот ќе учествуваат премиерите Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кои ќе потпишат неколку договори со цел да го олеснат бизнисот на нашите економии, а заедничкиот пазар да биде поконкурентен за најголемите европски и светски компании, соопштија од Стопанската комора на Србија (ПКС), која задно со Стопанската комора на Македонија и Албанија се организатори на Економскиот форум во Скопје.

Претседателот на ПКС, Марко Чадеж, посочува дека економијата на регионот пред своите политичари постави неколку важни иницијативи што треба да доведат до уште подобар бизнис на нашите економии.

– Влегуваме во целосно нова ера на стопанска, економска и политичка соработка во регионот, особено кога станува збор за овие три земји, Албанија, Северна Македонија и Србија. Засилената соработка ќе донесе нова политичка стабилност и јасен сигнал до инвеститорите дека ова е регион на успех. Гледаме конкретни поместувања и придобивки за економијата и граѓаните и ги покануваме другите економии на ЗБ6 да се приклучат, кажа Чадеж.

Тој, исто така, најави нови проекти кои уште повеќе ќе ги поврзат економијата и граѓаните на овие три земји, како што е воведувањето единствен систем за електронска наплата на патарина што носи заштеда на пари и време и на економијата и на граѓаните.

– Ние сакаме да ги отстраниме сите бариери за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал во нашите земји, така што сите дозволи од надлежните инспекции, пазарни, фитосанитарни и други, ќе важат во сите земји, без оглед каде се издаваат. Исто така, очекуваме на границите да бидат поставени „брзи премини“ за граѓаните и економијата на Албанија, Северна Македонија и Србија, изјави Чадеж.

Според него, една од најважните иницијативи на која ПКС инсистира е воведување на единствени работни дозволи.

– Економијата многу добро знае колку денес има проблеми со недостаток на квалитетна работна сила. За многу краток временски период ќе имаме можност граѓаните на сите три земји да имаат можност да најдат работа и да работат каде било на територијата на потписниците на овој документ, кажа Чадеж.

Скопскиот форум за регионална соработка на Западен Балкан ќе обедини компании од Србија, Албанија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и други регионални и европски економии, како и претставници на влади, финансиски институции, универзитети, меѓународни делегации и здруженија. Најголем број компании што учествуваат доаѓаат од градежниот сектор, земјоделско-прехранбената индустрија, енергетиката, машинската, автомобилската и текстилната индустрија, туризмот, ИКТ и телекомуникациите, транспортот и логистиката.

Меѓу компаниите од Србија се Нектар, Еликсир, Алфа Плам, ФПМ Агромеханика, Млекара Шабац, НИС, Телеком, Унипромет, МИНД – Милановиќ Индустри Груп, Младост Лесковац, Нутрико Врање, Симпо, Еуротурс, Ер Србија, Коридори на Србија, Патишта на Србија, Србија Карго и други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.