Во Кина е веќе први октомври – национален празник и многу луѓе во Хонг Конг го искористиja слободното време за да излезат на улиците и да протестираат. Немирите предводени од студентите беа поттикнати од инсистирањето на Кина таа сама да ги бира кандидатите за престојните избори во 2017 година, иако на граѓаните од Хонг Конг им било ветено дека тие слободно ќе можат да ги избираат нивните лидери.
Овие протести се сметаат за најголемите демонстрации во Хонг Конг откако во 1997 година откако Велика Британија ја предала оваа територија на Кина. Протестите ќе продолжат и понатаму. Демонстрантите им дадоа ултиматум на властите за исполнување на нивните барања, во спротивно ќе ги радикализираат протестите.