Новиот урбанистички план на Општина Чаир доведе до револт кај стотици жители кои потпишуваат петиција за зачувување на зелените површини и прекин на градење на објекти, Порталот на албански јазик „Алмакос“.
Жителите на Чаир најавуваат дека ќе протестираат со цел да го спречат уништување на зеленилото, а во петицијата меѓу другото пишува:
-Ние кои се потпишуваме подоле, проценуваме дека имплементацијата на оваа одлука ќе креира многу проблеми од различна природа.
Ќе ги преземеме сите активности кои ни се на распологање, за да не дозволиме пред нашата зграда да никне друг станбен објект, се вели во петицијата потпишана од стотици жители на Чаир.