Споменикот на Васил Чакаларов повторно се чистеше. „Паркови и зеленило“ соопштија дека од град Скопје им образложиле дека непознати вандали со бела боја го исшарале споменикот кој е поставен на кружниот тек кај Католичката црква во Скопје, по што им побарале возило-дигалка.
Ова е втор ден откако се чисти споменикот за кој неколку медиуми пренесоа дека им е потврдено дејствување на вандали, сепак од СВР Скопје велат, таква пријава последните три дена нема.
Бидејќи „Паркови и зеленило“ се задолжени само за зеленилото во градот, град Скопје им побарал возило-дигалка, додека хигиеничарите биле лица на друга фирма.
Видео-вест: Утринско миење на споменикот на Чакаларов
Минатата година Општина Центар се откажа од скапото одржување на спомениците од проектот „Скопје 2014“ кое го презеде град Скопје.




