Активистката за заштита на животната средина, Зузана Чапутова е избрана за прва жена претседател на Словачка.
Словачкaта изборна комисија синоќа соопшти дека Чапутова освоила 58 отсто од гласовите, додека нејзиниот противкандидат Марош Шефчович добил 42 проценти од гласовите.
Чапутова која е подржувач на ЕУ, во кампањата вети дека ќе стави крај на корупцијата. Со нејзиниот избор се наруши трендот на победи на популистите – предводени од анти ЕУ политичари.
Гласањето во вториот круг се случи една година откако новинарот Јан Куцијак, кој истражуваше случаи на корупција од висок профил, и неговата свршеница беа убиени во нивниот дом. Убиствата предизвикаа гнев на јавноста и најголеми протести во посткомунистичката историја на Словачка.
„Среќна сум не само за резултатот, туку главно поради тоа што докажавме дека не мора да му се препуштиш на популизмот и дека можеш да предизвикаш интерес и без агресивен речник”.
Победата што ја започнавме на локалните избори минатата година, ја потврдивме на претседателските избори и верувам дека европските (парламентарните избори во мај) ќе го потврдат истото.” рече таа.
Како потпретседател на партијата Прогресивна Словачка, Капутова го поддржува хомосексуалниот брак и посвојувањето.
Таа, исто така, е наречена „Словачката Ерин Брокович” откако успеа да ја стопира изградбата на нелегална депонија во нејзиниот роден град.




