После извештаите на британскиот таблоид Сандеј Пипл во текот на викендот дека славниот готвач Најџела Лосон беше грабната околу вратот од страна на нејзиниот сопруг, Чарлс Сачи, полицијата во Лондон изјави дека еден човек го прифатил предупредувањето во врска со случајот, јавува Си-Ен-Ен.
Митрополитен полицијата во Лондон вели дека 70-годишниот човек “прифатил опомена за напад” во полициска станица во понеделникот попладне. Полицијата не го именуваше човекот, но неколку медиуми во Велика Британија го именуваат како Чарлс Сачи, основачот на проминентната, во светски рамки, маркетинг и ПР агенција Сачи&Сачи. Подоцна, тој и неговиот брат Морис ја напуштија агенцијата и ја основаа М&Ц Сачи агенцијата.
“Полицајците од безбедносната единица во Вестминстер беа свесни за текстот во Сандеј Пипл објавен во неделата, на 16 јуни и спроведува истрага”, изјави портпаролот на Метрополитен полицијата за Си- Ен-Ен.