Published: Tuesday, July 12, 2016 18:22
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков смета дека нема потреба од формирање на специјално полициско одделение кое ќе работи за обвинителството на Катица Јанева, како што изјави Чавков на прес-конференција.
Чавков одржа прес конференција на која соопшти дека полицијата сузбила криминална структура која препродавала дрога, а 24 лица биле приведени рано изутрина по извршените претреси. Организатор бил 40 годишен вечешанец кој организирал мрежа на препродавачи и посредници од Скопје, Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци Гевгелија и Струга. Според МВР еден грам хероин бил продаван за 1000 денари.




