Јавното обинителство, МВР и Финансиската полиција ќе го преисписпитуваат работењето на претходниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески поради постоење на основи за сомнение за криминал и корупција во работењето, најави новиот директор на Бирото за Јавна безбедност Митко Чавков.
„Одредени состојби укажуваат на постоење на криминални активности во работењето на претходната локална власт и екс градоначалникот. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но тоа е доволно да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата“, рече Чавков.
Чавков имаше средба и со новиот охридски градоначалник Никола Бакрачески кој го информирал за активностите кои на тој план ќе ги превземе полицијата.
„Една темелна анализа која веќе ни е подготвена ќе биде основа за интензивни мерки и активности во престојната сезона. Фокусот ке ни биде јавниот ред и мир, криминалитетот и сообраќајот“, вели Чавков.
Неофицијално финансиската дупка во која се наоѓа општина Охрид е околу 40-50 милиони евра. Лоша е финансикста состојба и во сите јавни претпријатија во градот кои се под капа на општината.