Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чернева: Само ако се смени владата во Софија ќе има напредок во спорот со Македонија

0
By Нова ТВ on January 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, гледа само еден начин да се придвижи спорот меѓу Скопје и Софија: “Ако има промена во владејачката коалиција во Бугарија.  Во изјавата на бугарскиот весник „Дневник“ таа оценува дека актуелната бугарска влада нема ни желба ни намера да стори нешто до март, така што за решение може да се зборува дури на  средината на годината.

-Мислам дека не е во интерес на Северна Македонија да го истурка ова прашање, бидејќи од тоа ништо не може да се добие“. И обратно, ако постои вистинска желба да се работи на прашања како што е Коридорот 8, тоа може да се работи без оглед на изборите во Бугарија, а таквите работи можат да ги намалат тензиите  бидејќи тоа се конкретни проекти од кои двете страни ќе имаат корист, вели Чернева.

Настрана од спорот, таа не е оптимист ни околу проширувањето оваа година и ако ја нема пречката од Бугарија.

-Мислам дека ќе биде многу тешко да се напредува. Концептот за проширување ќе се разгледува политички, затоа што ако само кажеме дека проширувањето постои, а во пракса е невозможно да се исполни, тоа ги демотивира  земјите кандидати. Пристапот-ги лажеме дека ги сакаме, не лажат дека веруваат -„повеќе не функционира, смета таа. Таа се согласува дека Бугарија само ја заврши валканата работа и дека зад неа молчат  други земји на кои им одговара овој развој на настаните.

Кои ќе бидат резултатите од последователното ново забавување на европската интеграција? Мислењата се движат од „без драма“ до апокалиптични  сценарија за „дестабилизација на регионот“ изнесени од познати и искусни аналитичари од Германија и Австрија. За Весела Чернева одговорот е на друго место – раководењето  во балканските земји ќе се влоши.

-Владите во нив претпочитаат да седат во сопственото опкружување на корупција и непотизам и немаат причина да спроведуваат реформи кога нема доверба во преговарачкиот процес. Лошото управување значи неколку работи. Национализмот цвета многу лесно и не сме загрижени за тоа што можеме да изградиме, туку како да најдеме надворешен непријател. Во меѓувреме, младите го напуштаат регионот затоа што не гледаат никакви изгледи за себе и за своите деца во него.„Ова, за возврат, произведува уште полошо управување затоа што нема критична маса во општеството. Тоа е опасна спирала во која не сум сигурна дали ќе има војни, но сигурно ќе има стагнација и продлабочување на демографската криза., вели таа. Ова според неа е последното нешто што и треба на Европа.

Таа дава оценка и за опасноста од вметнувањето на прашањето за историјата во процесот на проширувањето, особено откако Виктор Орбан секоја година предизвикува некакви непријатности не само за Букурешт со комеморацијата на „националната траума“ – Договорот од Тријанон, со кој Унгарија загуби голем дел од својата територија.

-Орбан со свечената жалост за Договорот од Тријанон е опасен – замислете ако и Австрија почне да се жали за загубата на Австро-Унгарија. Модерната европска историја започнува токму со фактот дека Франција и Германија се согласија да ги запрат своите вековни контроверзии околу Алзас. и Лорен и започнат да градат заедничка иднина. Не можам да мислам на земја без контроверзни историски победи или загуби. Ако историскиот реванш се одржи преку ЕУ, таа ќе се распадне, вели Чернева, па додава:

-Се надевам дека Бугарија ќе ги запре овие обиди, бидејќи ова дополнително ќе ја изолира и ќе си направи да и е потешко. Видовме дека не само Чешката Република, Словачка и Германија, туку и сите 26, јасно ставија до знаење дека не го прифаќаат бугарскиот аргумент. Дури и соседите како Грција и Романија, на кои теоретски треба да може да се потпре Бугарија, не покажаа соседска  солидарност, оцени таа.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.