Стотици десничарски активисти одржаа анти-ромски маршеви во градовите низ Република Чешка.
Во некои области, камења беа фрлени на полицијата, која одговори со солзавец. Најмалку 75 апсења беа направени, јавува Би-Би-Си.
Амнести интернешнл изразија загриженост претходно овој месец за планираните маршеви, барајќи од официјални лица да ја заштитат ромската заедница.
Ромите се меѓу најсиромашните луѓе во чешкото општество и ромските лидери често се жалат на ендемска дискриминација.
Најголемите судири во текот на саботата на седумте собири имаше во Острава и Чешке Будејовице, јави Радио Прага.
Во двата града, демонстрантите ги јанапушти одобрените рути и се обидоа да стигнат области со големо ромско население.