Денеска верниците од исламска вероисповед го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Централна свеченост се одржа утринава во Мустафа пашината џамија во Скопје со пригодна програма, а утринската молитва што се вика Бајрам-Намаз ја раководеше поглаварот на Исламската верска заедница на Ефендија Хаџи Сулејман Реџепи.
По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце.
Рамазан, деветтиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот.
Рамазан Бајрам е празник на љубовта и мирот и се слави три дена.
Првиот ден од Рамазан Бајрам, што годинава паѓа утре, 26 јуни, е неработен за сите граѓани на Република Македонија.