Две џамиии во тетовско затворени за верниците

Верските објекти во тетовските села Порој и Глоѓи останаа затворени за утринска молитва Сабах Намаз. Имамот Максум Абази одлучи џамијата во Порој да не ја отвори за верниците, со цел, како што истакна, да ги заштити неговите соселани. Вели дека здравјето е најважно од се, верниците во верските објекти треба да чувствуваат слобода, а не да се плашат дали ќе се разболат

Македонија влегува во 42 часовен карантин за продолжен празничен викенд

Мерката беше донесена на седница на Владата во петокот попладне, ќе трае до вторник наутро во 5 часот и се разликува од предлогот на Комисијата за заразни болести чии членови препорачаа т.н. „полициски час“ да започне во сабота во 19 часот и да заврши во вторник во 5 часот

Ковид-19 на Рамазан Бајрам: Баклава и слатки во најтесен круг на семејството

Бајрамската молитива, како резултат на пандемијата со ковид-19, оваа година ќе се одвива под мерки и упатства дадени од страна на здравствените власти за носење на заштитна маска и почитување на физичка дистанца од минимум 1,5 метар. Слични препораки до имамите и советите на џамиите упати и ИВЗ која донесе препорача молитвата да не трае повеќе од 15 минути

МВР: Неточни и паушални се тврдењата на ИВЗ за полициски притисок

Министерството за внатрешни работи (МВР) категорично ги отфрла, како паушални и неточни, изнесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница (ИВЗ) околу наводен полициски притисок...

Спасовски: Нема верски лидер, функционер или институција што се посилни од државата

Нема верски лидер, функционер или институција што се посилни од државата, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски како одговор на прашање „дали Владата се соочува со притисок...

Протокол на ИВЗ за Рамазан Бајрам: Секој верник со лично сеџаде, молитви во дворови на џамиите

Намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздрави со физички контакт, откажување од посета на гробишта, се само дел од мерките на Ријасетот на ИВЗ пред претстојниот голем муслимански празник

ИВЗ до Владата: Ниту ќе затвориме џамии, ниту ќе се откажеме од молитви за Рамазан Бајрам

Исламската верска заедница (ИВЗ) писмено ги информирала Владата и Комисијата за заразни болести дека нема да почитува евентуален полициски час за време на големиот муслимански празник

„Св. Кирил и Методиј“ и Рамазан Бајрам го прават понеделник неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 25 мај, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Министерството информира дека согласно Законот...

Истражување: Осум од 10 верници избрале да останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

Истражувањето на ИПИС и religija.mk е направено со поддршка на КАС (Конрад Аденауер) и дел е од серијалот истражувања на јавното мислење за перцепцијата на граѓаните во мултиконфесионални општества