Бранко Тричковски: Ова е највисока функција во така важна меѓународна организација како што е НАТО, за личност од Македонија. Според чист мерит систем. Господине премиер. Да се надеваме дека интерпретациите на власта нема да ни го растурат задоволството и расположението. Именувањето на Шекеринска е порака до Македонија, порака за нејзиното место во европските и евроатлантски интеграции и порака до власта да не ја кочи или изместува државата од шините кои водат кон Брисел. На Шекеринска и посакувам успешна работа. Времињата се лоши, но одговорот на тие предизвици бара вакви личности. Со среќа!