Соединетите Држави и честитаат на Република Македонија што повторно го постигна статусот на земја ог 1. Категорија во овогодинешниот Извештај за трговија со луѓе на Стејт департментот на САД. Благодарение на трајната заложба на Владата на Република Македонија за борба против овој ужасен кримнинал, таа стана регионален лидер во активностите насочени против трговијата со луѓе., се вели во соопштението на амбасадата на САД во Македонија.
Ја охрабруваме Македонија да продолжи да биде лидер во борбата против трговијата со луѓе на Балканот со тоа што ќе ги прошири напорите за интензивна истрага, гонење и казнување на трговците со луѓе и со тоа што проактивно ќе ги зголеми напорите за препознавање на жртвите на трговијата со луѓе. Соединетите Држави се задоволни што ја имаат Македонија за партнер во кампањата за запирање на трговијата со луѓе, и очекуваат нашето партнерство да продолжи за ова и за други витални прашања од областа на владеењето на правото. се наведува во соопштението на амбасадата на САД.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која одржа прес-конференција заeдно со амбасадорот на САД Пол Волерс, истакна дека ваквото рангирање претставува верификација на уште едно значајно постигнување на нашата земја и јасна потврда за континуираниот ангажман и посветеност во справувањето на овој облик на организиран криминал.
Иако во текот на изминатата година е намален бројот на случаи со трговија со луѓе, за нас е особена голема статисфакција фактот што во Извештајот се нотира дека Владата наметнала доволно строги санкции за осудените престапници, идентификувала повеќе жртви на трговијата со луѓе и усвоила буџет за имплементација на националниот план, рече Јанкулоска.




