Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Честитки за бугарските пасоши, драги наши Македонци

0
By Биљана Секуловска on November 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 7, 2020 11:44

На Бугарија никогаш не ѝ е доста. Никогаш не е доволно ништо на Балканот, зошто би ѝ било сега на Бугарија. Нивната блокада за македонската преговарачка рамка во Брисел, нивната непопустливост, нивната точка, секогаш може да се претвори во запирка, која понатаму ќе сака уште повеќе, да се преобрати во три точки, во бескрај, од кој нема враќање.

Но, тоа е Балканот- котел кој врие со векови, масло кое постојано се долива, буре барут на сите омрази, тензии, конфликти, од кои никогаш не е доста. Воинствените балкански племенски водачи сметале дека биле премали, недоволни тие количества, сакале секогаш уште повеќе, незаситни, алчни во производството на зла.

Колку повеќе зли, толку помалку задоволство од страната на бесот и гневот. Затоа што, никогаш не е доста лудачки сјај во очите, кога се гледа нечие страдање, понижување, несреќа.

Балканските татковци на сеење на тоа зло секогаш мислеле дека се мали, незначителни  дозите на ситни и крупни препукувања, окупации, злосторства, војни, ѕверства. Се разбира дека биле преголеми, неподносливи за другата страна. Но, Балканот не знае поинаку, историјата ја создавале насилници, кои уживале во измачувањето. Гушењето од количеството непријателство, секогаш го доживувало како мали лажички, зрнца кои колку и да набабруваат во стомакот, никогаш не се доволно задоволувачки од другата страна.

Бугарските лидери денес имаат шанса да докажат дека израснале во подобри луѓе од оние, кои и самите тие ги презираат, оние кои балканската историја ги дефинирала како дел од буништето. Истата шанса ја имаат и европските лидери, кои денес се тука, благодарејќи на нивните претходници, кои историјата ги запишала како великани, затоа што имале големи соништа за демократски, цивилизациски вредности, наспроти денешните делузии, кои повторно ги отвораат темните страни на човештвото.

Покрај сè , мора да се честита на дел од македонските граѓани, некои од нив можеби и биле по потрага за подобар, подостоинствен живот, но, колку тажно, низ годиниве се понижуваа со насмевка и леснотија на сопствената лакомисленост. На оние, кои до ден денес ги полнат џебовите со бугарски пасоши, го полнат срцето со песни, со кои треба да се докаже дека се бугарски, а не македонски, со предци и корени, за кои се колнат дека се бугарски. Со секој удар на печатот на пасошите, потпишуваат бришење на сопствениот јазик, идентитетот, на сопствениот мизерен, мал, џуџести живот.

Што мислеле, ако воопшто тој процес можеме да го наречеме мислечки, на што се надевале, ако тоа може да се нарече вистинска, искрена надеж, што сонувале, кога денес кошмарот им се надвиснал, ги стега во обрач, ги заклештил. Денес не можат ниту песна да запеат, ниту збор да проговорат, но не верувам дека е тоа од некаков исконски срам, горко каење, некаква тага. Тие молчат само од страв, од ништо повеќе- да не им чукне некој на вратата, да не им го побара пасошот назад, да не се покажале недоволно лакоми за да произведуваат уште понижувачки песни, уште отсечени јазици. Честитки никогаш доволно кон нив, затоа што честа и образот е сè што немале, па затоа и ништо од тоа не ни изгубиле.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.