Во чест на основачите на првата словенска азбука солунски браќа Св. Кирил и Методиј денеска во Македонија се одбележува државниот празник 24 мај.
Црквата уште во 11 век го прогласила 24 мај, односно 11 мај по стар календар, за ден на светите просветители Кирил и Методиј, кој се одбележува во Скопје уште од 1860 .
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски синоќа во Рим ја отвори манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Денеска ќе биде одржан молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, а со службата ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Потоа македонската делагација ќе биде примена од папата Франциско.
Годинава се одбележуваат 1144. години од смртта на сесловенскиот просветител Свети Кирил.