Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири нови случаи со коронавирус- кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

0
By Менче Атанасова Точи on March 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 13, 2020 15:31

Се воведува кризна состојба на дел од територијата на РС Македонија во општините Дебар и Жупа. Таму има четири нови заразени со коронавирус. Луѓето од овие општини ќе бидат ограничени со движење, нема влез и излез од таму

Четири нови случаи на корона вирус се потврдени кај лица од Дебар кои имале контакт со втората група на заболени,  информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Станува збор за луѓе на 55-56 годишна возрас. Поради ова, односно трансмисијатата од човек на човек, во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба. Во врска со првите двајца патци има 21 лице кое што е водомашна изолација. Од втората група тоа се тие што контактирале со тројцата заболени од Дебар, се 24 лица,  10 од нив покажале симптоми и четворица ќе бидат хоспитализирани поради позитивни резулати, рече Филипче.

Патничката од Дебар е со вложена здравствена состојба и доколку треба ќе биде поставен ана машина за дишење.

„Кризна сосојба значи дека се ограничува движење, влез и излез во овие Општини. Епидемиолозите веќе се во Дебар за да направат подетална анализа, и попладне развиваме план како ќе ги развиваме контактите на кои лица ќе им с е прават тестови, како ќе се одвива движењето, што ќе функционира. Оперативниот план ќе биде соопштен попладне, после состанокот со Комисијата за заразни болести и Управувачкиот комитет. Оперативниот план ќе разработи како ќе се одвива карантинот“, рече министерот Филипче.

Еден патник е стигнат на скопскиот аеродром, суспектен со лесно покачена температура изолиран е, земен материјал и изолирани се луѓето кои седеле до него. Ќе се преземат сите мерки доколку се покаже позитивен.

Вкупно во овој момент има 9 пациенти на Инфективна клиника вклучавувјќи ја и првата пациентка , сите 12 луѓе кои беа во домашна изолација се негативни, еден пациент е од Скопје и другите од Дебар. Филипче нагласи дека од утрово целосно  се почитува забраната за влез која важи за странски државјани од земјите со висок ризик.

Во однос на непочитување на одлуката на верските заедници кои и понатаму оддржуваат молитви, Филипче рече дека вчера е аплирано до сите верски зедници да ги почитуваат одлуките и дека ќе се превземат казни согласно законската регулатива.

„Ова не е шега, ова  многу сериозна работа и мерките мора децидно да се почитуваат. Во рестораните треба да се седи надвор преку една маса и мора сфатат овие мерки дека ова е за нивно добро“, рече Филипче.

Тој рече дека буџетот за Министерството за здравство е пренаменет и сите средства се наосочени кон опрема за Инфективна клиника и заштитни опрема. Посочи дека и другите министерства и институции требна да се снабуваат со заштитни материјали.

„Економскиот тим се состана и се подготвуваме во пренамена на оддели во болниците,  набавка на респиратини машини и се што е потребно“, рече Филипче.

Тој информира дека Стопанска комора не му ги доставиле, известувањата кои туристички агенции биле во Италија за време на празникот.

Апелира секој што бил во ризичен регион дека мора да помине во изолација 14 дена бидејќи ако се тестира веднаш може да има лажно негативни резултати.

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко оштество нагалси сите документи да се вадат по електронски пат за да се избегнат гужвите пред шалтерите.  Тие документи се валидни, рече Манчевски.

На порталот има  240 услуги кои се достапни, а за 743 други може да се прочитаат информации. Апелираме да ги корситат овие услуги за да се намали ризикот, да не се оди по шалтери“, рече Манчевски.

Тој нагласи дека некои платформи и радио дифузерите во соработка со телекомунциските оператори ќе добиваат препораки од Владата за коронавирусот.

„Воведуваме, секојдневно родителите да добиваат потврди за децата до 10 годишна возраст. Одлуката се однесува само на децата во училиштата и градинките, дополнително може да се разгледа можноста и за тие деца што не одат во градинка“, рече Манчевски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.