Published: Friday, May 15, 2015 15:41
Четири помали албански политички партии и едно граѓанско движење ќе земат учество во протестите, но еве оставам на нив да го кажат, тоа најави Заев на денешната прес конференција.
Заев рече дека протестот во недела, кој е предвидено да мирен, со многу говорници, ќе продолжи со активисти кои се понудиле на улица да остана до крај, како што рече, додека не падне Владата на Грувески.
Лидерот на опозицијата потенцира дека прават вонредни напори да ги донесат граѓаните кои сакаат да присуствуваат на протестот во недела, се бара помош и од меѓународната заедница.
„ Правиме напори да изнајмиме цели вагони, ако треба и со трактори и камиони ќе дојдеме пред Владата“, рече Заев.




