Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири сценарија за европската иднина на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on June 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 1, 2014 19:53

Недоволно брзиот процес на проширување на ЕУ, би можел доколку не се преземат чекори во Брисел и самите држави во регионот, да резултира со негативни сценарија, со што би се загрозил процесот на демократизација и економски развој, предупредува анализата која заеднички ја изработија Европскиот фонд за Балканот и Центарот за истражување на Југоисточна Европа од Грац, објавува ТВБН.

Анализата под наслов „Неисполнето ветување: Проширување на ЕУ на Балканот“, која беше претставена во Белград, предвидува четири можни сценарија кога станува збор за продолжување на процесот на приближување на земјите од регионот кон ЕУ, а дури три имаат помалку или повеќе негативни последици по регионот.

„Ова истражување е документ кој може да послужи за ново сериозно разгледување на процесите на проширување на Западен Балкан… Заклучивме дека се наоѓаме во добар процес кој, меѓутоа, мора да се реформира, зашто ако не се направи тоа правовремено тоа може да доведе до несакан развој на ситуацијата“, истакна на конференцијата Хедвиг Моравиа, извршна директорка на Европскиот фонд за Балканот.

Првото сценарио, наречено “Стандарден пристап“, подразбира продолжување на постепеното и бавно приклучување на земјите на западен Балкан кон ЕУ, а тоа подразбира заострени услови за членство на кои многу држави не се во состојба да одговорат, како и продолжување на толеранцијата на билатералните причини за блокада на евроинтеграциите во поедини земји.

Второто сценарио, се нарекува „По стапките на Турција“, подразбира продолжување на процесите на преговарање но без значајни поместувања, со што и на политичките елити и на граѓаните би им станало јасно дека можноста за влез во ЕУ е многу мала. Меѓутоа з разлика од Турција, која свртувајќи се кон себе успеа да развие самоодржлива економија, земјите од западен Балкан во ваков случај би биле осудени на назадување.

Третото сценарио подразбира откажување од проширувањето на ЕУ и создавање на нови неизвесности на Западниот Балканот, кое творците на анализата го нарекуваат и украинско сценарио. Континуираните кризи во ЕУ и отпорот кон понатамошно проширување според ова сценарио, би можело да доведе до ангажирање на други глобални актери во регионот, како Русија или Турција, со што Балканот може да стане колатерална жртва на конкуренцијата на свеската политичка сцена.

Само четвртото сценарио предвидува нова динамика на проширување на ЕУ на западен Балкан, но тоа е можно само, без промена на политиката на Брисел, која во овој момент порачува дека нема да биде пречка за новите членки, сепак е малку веројатно.

Според ова сценарио на сите држави од западен Балкан кои имаат амбиции да станат членки на ЕУ би им биле итно отворени пристапни преговори, а политичките и другите тешки условувања би била уште на почетокот на преговорите префрлени на нивниот крај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.