Рјоју Кобајаши триумфираше и на вториот натпревар од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. По Оберсфорд, Јапонецот „леташе“ најдалеку и во Гармиш Партенкирхен и со скокови од 135,5 метри и 133 метри ја прослави шестата победа во сезоната.
Кобајаши е лидер во генералниот пласман на традиционалното натпреварување во ски-скокови на почетокот на секоја година со 2,3 бода повеќе од Германецот Маркус Ајзенбилер и Полјакот Давид Кубацки кои во Гармиш завршија на второто, односно, третото место.
Турнејата „Четири скокалници“ се сели во соседна Австрија со натпревари во Инсбрук во четврток и во Бишофсхофен во сабота.