НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

0
By Marija Todorovska on July 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари преку мерката „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ во рамки на Оперативниот план за вработување. За ангажманот ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, а оние што ќе покажат добри резултати, подготвеност и посветеност, по завршувањето на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во противпожарните единици во општините или во  соодветните институции.

Со мерката ќе бидат опфатени 14 општини низ државава кои имаат територијални противпожарни единици (ТППЕ). Тие ќе ги објават повиците на  кои кандидатите ќе треба да се пријават. Услов е тие да бидат психофизички подготвени и да немаат здравствени проблеми.

Портпаролката на Владата Марија Митева истакна дека „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ првпат се воведува во државава и со неа, рече, се прави значаен исчекор зашто се пристапува проактивно, а не како досега реактивно во заштита од пожари и зачувување на животната средина.

Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откако штетите се веќе направени, денес почнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе … Оваа мерка има двоен ефект – еколошки и социјален затоа што даваме конкретна поддршка на ранлива категорија граѓани односно невработени, рече Митева на прес-конференција во Владата.

Додаде дека локалните самоуправи ќе имаат активна улога во спроведувањето на повиците, затоа што, рече, „борбата против пожарите е одговорност што ја споделуваме –  од централно, до најлокално ниво“. Ги повика сите граѓани, „особено оние кои бараат можност да придонесат кон општото добро и да стекнат корисно работно искуство, да се пријават преку своите општини“.

Струмица и Кочани не аплицирале за оваа мерка. Прашана дали причините се можеби политички, портпаролката Митева одговори дека се работи за општо добро каде што политиката не треба да има место.

Не би сакала да верувам дека е така, иако можеби има политичка логика. Повикот е за општо добро и се однесува на сите граѓани, политиката не треба да има примат и жалам ако е тоа така, додаде Митева.

Повик да се пријават на огласите од општините, особено млади луѓе, упати и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Очекува на огласот на Општина Кисела Вода да се пријават од 80 до 100 лица и тие, рече, ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на ДЗС и ќе имаат кратка обука.

Потоа, од најдобрите од нив ќе одбереме луѓе за најдобрата единица која е во тек на формирање, наречена специјална единица за заштита и спасување. Можеби сумата не е примамлива на прв поглед, но сите кои ќе се пријават на огласот на територијата на целата држава и притоа ќе покажат особен успех во справувањето со пожарите, ќе имаат можност професионално да бидат вработени во некоја од ТППЕ низ државата, рече Ангелов.

Иницијативата на Владата ја поздрави и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, која смета дека состојбата со превенирање на пожарите во државава се подобрува со новите возила кои беа претставени вчера и со овој повик за ангажирање 400 луѓе.

Според моите информации, во моментот во општините има меѓу 700 и 800 вработени пожарникари. Дел од нив платите ги добиваат преку блок-дотации од Министерството за одбрана, а дел од нив се уште примаат плати од општинските пари. Вкупната бројка потребна да се исполнат сите услови согласно законот е нешто повисока од 1500 пожарникари. Значи двојно повеќе од она што го имаме сега. Половина од проблемот ќе се реши на овој начин, со 400 нови вработувања. Се надевам дека доколку покажат добри резултати тие ќе останат да бидат дел од противпожарните единици, истакна Перишиќ. 

Влада Марија Митева пожари пожарникари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.