При поплавите загинале двајца мажи на возраст од 62 и 85 години, една 74-годипна жена и едно осумгодишно дете, во реонот на округот Галац во источниот дел на Романија.
Според романските власти, под вод се над 700 станбени објекти во 17 населени места во Галац, а во многу делови на округот во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.
Од поплавените реони се евакуирани над 500 лица, а има и иноформации за десетици удавени домашни животни.
Во поплавените реони се испратени припадници на службата за вонредни состојби, како и полициајци и војници, кои им помагаат на настраданите.