Крајнодесничарската француска политичарка Мари Ле Пен со огромно мнозинство денеска е реизбрана за лидер на партијата „Национален собир“, јави телевизијата БФМ. Изборот се одржаа за време на 17-от Конгрес на партијата во Перпињан.
Според резултатите од гласањето, над 98 отсто од членовите на партијата гласаа за нејзин четврти мандат. Мари ле Пен ја предводи партијата од 2011 година и беше единствен кандидат за оваа функција.