Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четврти протест против полициска бруталност:Ако замолчиме, ќе станеме соучесници

0
By Нова ТВ on May 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 8, 2015 22:50


Четврти ден низ улиците на центарот од Скопје граѓаните во масовен број протестираа против полициската бруталност и бараат одговорност за смртта на младиот Мартин Нешкоски кој беше претепан до смрт за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 од страна на полициски службеник.

Граѓаните соочени со полициски барикади денеска протесот го движеа на четири различни локации низ Скопје. Почнувајќи од булеварот „Климент Охридски“, во непосредна близина до Владата, демонстрантите наидоа на првиот полициски кордон кој не дозволи тие да се приближат до објектот.

-Владата која целосно го изгуби својот легитимитет се плаши од сопствениот народ, затоа не сакаат да не пуштат да протестираме пред Владата, кршејќи го Уставот на оваа земја. Никој не смее да бдие над Уставот на оваа земја, никој, ниту Никоал Груевски. Сега мирно ќе тргнеме, но ќе се вратиме назад и едно имаме да им порачаме – Ќе победиме!, порача активистот Здравко Савевски од Левичарското движење „Солидарност“.

Оттаму, колоната од демонстранти продолжи да маршира кон министерството за внатрешни работи. Поминувајќи покрај средношколскиот камп тие демонстарнтите ги поздравија средношколците кои втора недела спијат под отворено небо во паркот наспроти МОН и ги охрабрија да продолжат во својата битка.

Протестот за полициска бруталност наиде на кордот од специјалци и на улицата која води, кон зградата на МВР, а подоцна исто и пред зградата на премиерот Никоал Груевски.
Граѓаните револтирани скандираа „Пуштете не, сакаме да пријавиме убиство“ и „Николче-дикаторче“.

Четврта локација на која протестот и мирно заврши беше Собранието на Република Македонија. Таму до 21 часот вечерта граѓаните со свирежи и скандирања бараа одговорносот од Јанкулоска и Груевски, за обидот да се прикрие убиството на Мартин Нешкоски, нешто кое се обелодени по бомбата на опозицијата поврзана со смртта на младото момче.

Демонстрантите порачаа дека нема да се откажат, бидејќи ако замолчат, значи дека се соучесници во прикривањето на убиството.

На протестот беа присутни студенти, средношколци, активисти, родители со деца, пензионери и заврши без никаков инцидент.

Ова е четврти ден како се протестира против полициска бруталност, а трет ден откако полицијата не дозволува да се протестира пред Влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.