Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

0
By Zoran Ivanov on December 25, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 25, 2025 18:28

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во детали раскажуваше што се случувало вечерта кога се запалил објектот.

Како што раскажа, тој, заедно со неговиот син и негови другари, вечерта биле гости во „Пулс“.

Таму беше Деко, Дејан Јованов (сопственик на „Пулс“). Тој се изненади кога ме виде оти долго време немав појдено во дискотеката. Не поминаа неколку минути, дојде детето и ми кажа каде е со другарите. Му реков да оди таму, а дека јас ќе останам кај шанкот” кажа Николов.

На барање на негов пријател подоцна решиле да одат на цигара, надвор од клубот. Дошол и неговиот син, кој сакал да го запознае со девојката. Додека биле таму и се шегувале, во еден момент излегол еден од другарите, кој покажал видеоснимка и кажал: „Дискотеката се запали“.

Тогаш почнале да излегуваат повеќе луѓе и почнале да се слушаат чудни звуци однатре. Николов кажа дека децата биле многу вознемирени и тој ги повел со себе кон неговиот објект. Имало 15 до 20 деца.

Видов тенок чад и слушнав чудни звуци како доаѓаат од внатре. Децата беа вознемирени, забележав како да снема струја и тогаш настанаа големи викотници. Потоа почна да излегува чад од предниот дел на објектот. И забележав дека од задниот дел кај женското веце излегува црн чад.

Како што појасни на прозорецот од тоалетот имало решетки, од каде слушнал гласови.

Раскажа како ги скршиле прозорците и на решетките виделе девојчиња како се држат и плачат, а дел од нив мавтале со мобилните телефони со вклучени светилки.

Јас се обидов да ги смирам. Им велев дека брзо ќе дојдат пожарникарите. Со мене беше син ми, кој викаше: Тато, те молам спаси ги. Девојчињата велеа, чичко, прскај нè оти така полесно дишеме. Слушнав дека мајка комуницира со едно од девојчињата, кажа Николов.

Објасни дека потоа пожарникарите, дошле многу брзо и со нив се координирал околу помошта во гасењето. Цревото му го дал на пожарникарот, а тој со децата пошол кон неговиот сервис, преку северната страна од дискотеката. Тогаш рече оти забележал дека помошната врата од „Пулс“ не е отворена. Со синот тргнале кон неговиот автомобил за да одат по клучот од сервисот, а потоа се вратиле назад и зеле и ставиле маски. Тогаш слушнале како почнал да пука покривот и врз нив да паѓаат парчиња од него. Му рекол на синот да го отвори објектот (сервисот) за да земе брусилка за да ги исече решетките од вецето на „Пулс“.

Истовремено слушал некаков звук, но во целата ситуација не знаел за што станува збор. Потоа забележал дека пожарникарите донеле агрегат и ги исекле решетките.

Син ми донесе маски со графитно полнење, кои ги користиме во нашата работа. Со маските останавме до 5:30 часот и тие маски нè спасија за да немаме повреди. Го прашав пожарникарот што се случува, ми рече дека направиле коридор преку кој вадат луѓе од дискотеката, а мене ми рече да продолжам да прскам со вода. Син ми одвреме-навреме ми велеше дека има повредени деца. Едно дете седеше целото со изгореници. Излегуваше чад од него. Сакав да прскам кон него, но ми текна дека на изгореници не треба да се става вода. Му дадоа да се напие вода, раскажа Николов колј дотогаш мислел дека има само повредени.

Кочани Николов пулс сведок судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.