Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чија е оваа песна, браќа Бугари?

0
By Биљана Секуловска on October 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2019 10:41

Погледнете ги барањата на официјална Софија да не се спомнува “македонски јазик”, никаде, на ниво на ЕУ, како и да се избрише формулацијата “бугарски фашистички окупатор” од сите учебници и споменици во Македонија.

Од филозофска и космополитска гледна точка, секако дека за момент би се сложиле со некаков дел од ваквиот нивен поглед на свет.

Доколку е можно светот да започне сега одново, од самите прапочетоци, кога ништо не постоело, само мали, првобитни навестувања за создавање на некаков идеален свет. Во тој свет, да се изродат само луѓе.

Кога би можело, сите посакуваме да не постои воопшто историјата онаква каква што била запишувана, што останала врежана во колективната меморија, чувана низ архивите, запаметена низ сликите, препеана низ песните, читана низ романите.

Да немало историја на окупации, поробувања, асимилации, протерувања, бегалци, тоа би бил нашиот идеален свет.

Да може да се случи сè да започне од почеток- повторно да проодуваме, кревки, слаби и наивни, настанати од праматерија искреирана од лабараториски спој на идеална ДНК, за никогаш да не дознаеме дека Балканов низ вековите наназад ќе стане колективна гробница на безумните и крволочните.

Кога би било можно, зарем не сакаме никогаш да не сме осознале дека постојат милион сценарија светот дека можел да стане избезумен, да немаме претстава дека мапите можело да се исцртуваат само со крв, солзи и зла, дека ќе се појават многу зли пци препознаени низ историјата на човештвото.

Кога би можело историјата да се врати на Балканот, вековите да изгледаат поинаку, секако дека сите би го посакале тој поинаков свет.

Да немало никогаш граници, ниту пак религии кои нè делеле, ниту да се случило ѕвецкањето со оружјето, да можело да бидеме поинакви од она што сме станале низ вековите.

Кога би можело, тој свет би бил она што вреди да се живее- никој од нас да немал потреба од борци, од херои, кои денес ги славиме- да немало поробувања, војни, окупации, асимилации, денес никој немаше да ги бара нивните коски и да слави празници за ослободувања, зарем не?

Во меѓувреме, сепак, нешто и сме добиле ние тука, на Балканот- се сочувувале и претопувале, се испреплетувале  до совршенство културите, традициите, обичаите, јазиците. Тоа еднаш мора да го признаеме.

Кога би можело, секако дека најдобро би било соништата да ни станале заеднички. Да сфатиме дека вечното прашање “Чија е оваа песна” е- бесмислено и едноставно смешно, затоа што не води никаде, освен во празно, пусто губење време.

Во многу од песните што денес се пеат низ балканските земји, секој давал свој придонес во буква, слог, ритам, нијанса која станува иста и поинаква во исто време. Таа станала своја и сечија и нечија и повторно своја, да го признаеме еднаш и тоа.

Сите ние- Србите, Албанците, Грците, Бугарите- и ние Македонците, зарем не знаеме дека сме можеле поинаку? Зарем сега, од денес нека биде- зарем не можеме навистина да објавиме дека конечно сме научиле да станеме поинакви, подобри и поголеми?

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.