Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чилиманов, таа желба да се биде прашина

0
By Биљана Секуловска on October 15, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 15, 2016 10:36

Да, плашете се од ксенофобијата на Цветин Чилиманов, да, треба многу да сте загрижени и да, треба да се преземат остри санкции за неговиот настап на 24 вести.

Во т.н дебата, Чилиманов на поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац му се обрати точно со овие зборови: Ти си бегалец од негде, што добил државјанство,

Цветин Чилиманов е член на Ад-хок телото за медиуми, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова aд-хок тело има задача да ја мониторира работата на медиумите пред и во изборниот процес. Меѓу другото, ако не и клучната негова задача е да се залага за максимата “Учиме да живееме заедно”.

Оваа значајна мисла човештвото некако ја турка и во практика, едвај, се разбира дека страда да не претера во славење на цивилизациските вредности,  без многу верба ги пушта некако да проживеат, но затоа со исклучителна желба опстојува да ја задуши и буквално убие оваа надеж за заедничко живеење, и тоа во исто време кога ја применува. Па да, тоа е светот во кој живееме. Зошто Цветин Чилиманов би бил поразличен?

Зошто тој би имал повисоки цели, не велам и не барам највисоките, но нека биде тоа зрнце мудрост, да посака да добие сила и да  стане камче во историјата на оваа земја, нека биде и прав, не пречи.

Ете, прав можеби кој му се изронува на секој иден или сегашен фашист и не може да го дофати, но сепак, Чилиманов тоа свое зрнце, таа прашинка човештина, милост, благост, да не го дава, да не дозволува да му се одземе, ниту една партија, ничии грабливи раце, или разјарена муцка која бара од него да стане касапско куче.

Но, ние сме на прапочетоците на демократијата, оттука негувањето ксенофобија, фашизам, пропаганда е бескрајниот мизерен пат кој мора ли? -фактите, историјата не соочува дека  понекогаш мора да се прооди. Жал ми е што по се изгледа дека така се создава едно демократско општество.

Погледнете ги само американските трновити патишта: бескрупулозните сопственици на медиумите водени од партиски мотиви- од 1830. години, па вратете се на Првиот амандман на американскиот Устав- 1791 (“Конгресот нема да донесе закон… за да ги ограничи слободата на говорот или на печатот”), регулирање на лиценците преку Радио актот- 1912, Доктрината за праведност која наложувала балансирано и фер покривање на изборите- 1949, па повторно сетете се на 1880.години и ерата на таблоидното новинарство, како морало се да почне за некако пристојно, после помалку од два века, да заврши. Еден од најпроминентните факултети за новинарство, Колумбија, основан е 1903, се отвора 1920, ве молам, па првиот етички кодекс е донесен 1910, а државните новинарски асоцијации датираат од 1850. Во 1913 е основано Бирото за точност и праведност, најмногу со цел да ги намали тужбите за клевета, но и да ги зацврсти контролните решенија за проверка и баланс, како едно од суштествените карактеристики на американското општество. Размислете, што правеше Македонија во сите овие години на медиумски развој на САД?

Америка е земја која е свесна дека е далеку од исполнување на сите демократски, високи цели и вредности. Темелите се оние кои и оваа земја и секоја позрела демократија ја држат, иако се разнишуваат, но никогаш не се струполуваат.

safet-bisevac-top-740x320

Можеби за почеток треба да се знае дека мора да се извини и да се засрами- Чилиманов тоа досега не го стори кон Сафет Бишевац, ниту партијата ВМРО која го предложи како член на ова ад-хок тело за медиуми. Можеби вреди едно мое извинување, иако колективната вина е категорија која ја презирам како комунистичка хипотека, товар кој сега можеби и може да се примени. Ако почнеме да се делиме на Македонци и останати, никогаш нема да можеме да научиме да живееме заедно.

Но, инсистирам да се делиме на луѓе и нелуѓе и со вторите да се обидеме- за нив прозаична, тривијална и бесмислена, но нека биде лекција, учење- да почнеме да ги учиме да живееме заедно, затоа што никако поинаку и не може. Се извинувам Сафет Бишевац, за еден срам предизвикан од изјава на некој друг човек. И покрај извинувањето, срамот останува и тоа не знам како ќе помине. Векови треба да поминат, а дури и тогаш, некоја хартија ќе остане за да удри шлаканица на ова време и некои нелуѓе и на неправдата, непостоењето правда, не смееме тоа да го заборавиме.

Како вели Боб Дилан:

Како може животот на таков човек

Да биде во дланка на нечија рака на будала?

Не може поинаку

туку ме прави да се чувствувам засрамен

Да живеам во земја

Каде правдата е игра.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.