Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чинговски, поранешниот директор на ЕЛЕМ: Ме користеа како поштар, наместо да ѝ донираат на ВМРО-ДПМНЕ директно

0
By НОВА ТВ Balaban on December 7, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Влатко Чинговски, поранешен директор на АД ЕЛЕМ и поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски кој како сведок се појави на рочиштето за судскиот предмет Плацеви на Водно прво објасни дека со оглед на неговата партиска функција ја воспоставувал комуникациската врска помеѓу општински комитети и Централниот комитет на партијата.

 

Обвинителката Лиле Стефанова го праша дали во периодот додека ја извршувал директорската функција во неговата канцеларија доаѓале лица кои оставале пакети за партијата, тој одговори дека добивал и материјали и документи во неговиот кабинет на кои пишувало дека се за Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но дека немало податок од кого се испратени, ниту пак тој ги отворал пратките. Оваа задача поранешниот прв човек на АД ЕЛЕМ ја извршувал без приговор некое време, но откако во една прилика Божиновски му забележал за содржината на пратката, Чинговски се пожалил кај тогашниот премиер Никола Груевски.

 

– Средбите со Божиновски траеја многу кратко, затоа што тој како генерален секретар на Владата беше многу зафатен, но ми стана сомнително кога при еден разговор по телефон со него тој рече дека содржината на документите не соодветствува на она што тој го очекувал. Спомна бројки, цифри, што мене ме зачуди, и се посомневав дека покрај документацијата има и финансиски средства – рече Чинговски. По овој настан, Чинговски, разочаран од постапката на неговиот сопартиец, разговарал со Божиновски затоа што како што рече, не сакал да биде искористен како поштар.

 

– Ова е демократска земја, донаторите може и дирекно да ги донираат средствата, не мора мене да ме користат како поштар – рече Чинговски. Дотогаш, рече тој, немаше проблеми, а и не очекував дека во пакетите има финансиски средстава. Му реков на Божиновски дека не сакам повеќе да се случува тоа, додаде Чинговски кој даде исказ дека за ова разговарал и со Груевски кому му рекол дека не сака повеќе да има такви активности. Груевски во прво време беше зачуден дека нешто такво се случува, но ми рече дека иако јас сум стручно лице, сепак треба да извршувам и партиски задолженија, раскажа сведокот.

 

Чинговски: Сефот беше подотворен, имаше документи и нешто што наликуваше на финансиски средства

 

На прашање на обвинителката дали во партиското седиште каде што ги оставал документите имало сеф, Чинговски, не само што потврди дека имало, туку и раскажа една ситуација во која тој седнал во една од канцелариите и видел дека сефот бил подотворен.

 

-Документите ги оставав на работната маса. Во канцеларијата во партиското седиште многу ретко се гледавме, но знам дека имаше сеф. Тој сеф вообичаено беше затворен. Во една до две прилики видов дека малку е подотворен. Не можев да видам точно. Имаше документи и нешто што наликуваше на финансиски средства – рече сведокот.

 

Влатко Чинговски пред судот рече дека од 2005 година до 2010 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и директор на компанијата ЕЛЕМ. Како тогашен прв човек на оваа компанија, обвинителката Стефанова го праша дали донаторите имале земено тендери од компанијата, поради што пакетите со финасиски средства му ги доставувале нему, на што одбраната во вкрстеното испрашување реагираше дека сведокот само претпоставувал дека станува збор за пари.

 

На прашање на одбраната дали Чинговски видел пари додека траела поштенската комуникација со Божиновски одговори кратко: „Не видов, но мој логичен заклучок беше дека станува збор за финансиски средства“.

 

Во вкрстеното испрашување адвокатот Еленко Миланов го праша сведокот дали исказот што денеска го даде Чинговски во Кривичниот суд во Скопје, претходно го има дадено во Обвинителството за организиран криминал, на што сведокот одговори дека дал исказ во поранешното СЈО.

 

По испрашувањето на Миланов, стана јасно дека Чинговски дал исказ во предметот „Талир“, поради што реагираше дека во тој процес станува збор за обвинение за друго кривично дело злоупотреба, а не за перење пари, како што е во случајот со Плацевите на Водно.

 

Судењето продолжува со сведочење на Мартин Протуѓер.

Стојанка Митреска

 

 

 

 

 

 

 

Влатко Чинговски Плацеви на Водно судскиот предмет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.