Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чирман: Унгарскиот амбасадор во Лондон стои зад операцијата „Македонија”

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2020 12:01

НОВA вчера го пренесе истражувањето на словенечкиот портал “Нецензурирано” во кое се тврди дека луѓе блиски на премиерот Виктор Орбан од 2017 година до сега префлиле 2,5  милиони евра во медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ а со цел да се опструира Преспанскиот договор а индиректно преку тоа и интеграцијата на Македонија во НАТО. Автор на ова истражување е новинарот Примож Чирман. Редакцијата на НОВА стапи во контакт со словенечкиот колега и од него побаравме одговори на неколку прашања.

НОВА: Кои се сознанија за таканаречената „Операција Македонија“?

Примож Чирман: Доказите сугерираат дека унгарските пари континуирано се префрлаат на разни медиумски организации во Македонија од 2017 година наваму. Парите беа префрлени преку Словенија, поголем дел од нив заврши во Македонија. Извор на парите се компаниите и луѓето кои се многу блиски до Виктор Орбан. Компанијата В4НА која се пренесува во Македонија преку Словенија е основана од унгарскиот амбасадор во Велика Британија и најблискиот советник на Орбан, Арпад Хабони. Тоа значи дека кругот на унгарскиот премиер ги финансира медиумите кои ја поддржуваат политичката партија која сака да го поништи договорот од Преспа, а со тоа и влезот на Македонија во Нато.

Кристоф Салаи Бобровницки, амбасадор на Унгарија во Велика Британија

НОВА: На која основа се прави трансфер на паритеод Словенија во Македонија?

Примож Чирман:  Дел од парите минале преку словенечката банкарска компанија на словенечката компанија Р-Пост-р, основана и управувана од Питер Шатц, сопственик на Алфа ТВ Скопје. Сè уште не можеме да потврдиме која е основата за други трансфери на пари во Македонија.

 НОВА: Кои се инвеститорите?

 Примож Чирман: Питер Шац и Агнес Адамик се поранешни вработени во унгарската национална телевизија. Денес тие се официјално претприемачи кои купуваат медиуми во Словенија, Хрватска и Македонија. Сепак, тие работат во интерес на унгарската влада.

НОВА: Како го објаснувате овој триаголник Будимпешта-Љубљана-Скопје?

Примож Чирман:Јас го гледам тоа како политички и – уште поважно – финансиски сојуз помеѓу Виктор Орбан, Јанез Јанша и ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: necenzurirano.si

НОВА: Зошто двајцата политички лидери од земји членки на НАТО и ЕУ би сакале да го блокираат пристапот на Македонија во НАТО ?

Примож Чирман: Добро прашање. Официјално Виктор Орбан и Јанез Јанша го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ и во НАТО. Како и да е, протокот на унгарски пари покажува дека Орбан направил сè што може за да го саботира договорот од Преспа и со тоа членството на Македонија во НАТО. Мора да се спомене дека Виктор Орбан во моментов е во многу лоша врска со европската народна партија (ЕПП), најголемата европска политичка група. Тој во моментов е со жолт картон и може да биде исфрлен од ЕПП во наредните месеци. Затоа, тој интензивно бара алтернативи за алијанси во странство во време кога Јанез Јанша се обидува да формира влада во Словенија. Назад на вашето прашање: знаеме кои земји сакаат да го блокираат влезот на Македонија во европските интеграции и можеби и унгарската финансиска шема во Македонија има врска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.