Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ се оградија од Кондарко

0
By Нова ТВ on October 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 8, 2013 12:31

Членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски, Срцев и Стефановска преку соопштение до јавност се оградуваат од ставовите на претседателот Борис Кондарко, кој како што велат дел од наводите изнесени во вчерашното соопштение биле личен став на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Кондарко: Неточни се тврдењата дека се кочи работата на ДИК

„Ние во ниту еден момент не сме ја попречувале работата на Државната изборна комисија како орган надлежен за водење и ажурирање на Избирачкиот список, но исто така факт е дека од завршувањето на Локалните избори 2013 година па до денес Борис Кондарко како претседател на ДИК, кој има законска надлежност да ги закажува и води седниците, воопшто не закажал седница или работен состанок на кој би се дискутирало за Избирачкиот список“, соопштуваат Сајкоски, Срцев и Стефановска.

Груевски: ДИК веднаш да започне прочистување на избирачкиот список

Тие потенцираат дека надлежноста на водењето на избирачкиот список е исклучива надлежност на ДИК утврдена со Изборниот законик, што значи дека ДИК ја има водечката улога во тој перманентен процес. Работата на избирачкиот список не е прашање за надгласување или прашање за тесно партиска дневна политика. Водењето на избирачкиот список е една од основните алатки на овој изборен орган.

Според членовите на власта во ДИК точно е дека во моментот, работи Работната група за проверка на избирачкиот список која е воспоставена од Управувачкиот комитет за изборна реформа, чиј член е и претседателот Кондарко. Работната група има мандат да спроведе проверка на податоците во Избирачкиот список согласно претходно усвоена методологија. Со работната група претседава членот на ДИК Бедредин Ибраими, а во работата учествуваат претставници од сите надлежни државни институции, вклучувајќи ги и Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и Управата за матична евиденција како и претставници на парламентарните политички партии.

Согласно информациите кои тие ги добиле од Ибраими, работната група функционира беспрекорно при што сите државни институции вклучително и МВР се исклучително професионални и демонстрираат висок степен на подготвеност за соработка во однос на сите обврски кои произлегуваат од работната група, а кои се однесуваат на доставување на прегледи и информации во однос на податоците кои се неопходни за проверка на Избирачкиот список и евентуално отстранување на одредени недостатоци.

На крај потесетуваат дека и во Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори 2013 година, во однос на Избирачкиот список се констатира дека „Од 2010 г. наваму, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи извршија неколку управни проверки на податоците за починатите и за запишаните граѓани. Според МП и МВР, како и Државниот завод за статистика, Избирачкиот список е точен до степен на технолошките капацитети“, при што се укажува дека потребно само „ревизија на постапките за составување и одржување на Избирачкиот список што ќе придонесе до подигање на јавната доверба во Списокот“.

Оттука, сметаме дека наводите кои ги изнесува, претседателот на ДИК и СДСМ се крајно некоректни и тенденциозни со цел јавноста да добие погрешен впечаток дека надлежните институции не ги исполнуваат своите законски обврски поврзани со ажурирањето на Избирачкиот список. Сметаме дека Република Македонија веќе неколку изборни циклуси по ред докажува дека има капацитет да спроведе фер и демократски избори согласно меѓународните стандарди и практики, за што добивме потврда и од ОБСЕ/ОДИХР и од другите релевантни домашни и меѓународни институции соопштуваат Сајкоски, Срцев и Стефановска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.