Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, поднесоа точка за итна седница на Државната изборна комисија на која ќе се расправа за прочистувањето на избирачкиот список.
Вчера тројцата членови на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефановска, Влатко Сајкоски и Сашо Срцев се дистанцираа од еден дел од вчерашното соопштение на ДИК, кое според нив го отсликувало личниот став на претседателот Борис Кондарко, а тие воопшто не биле консултирани.
На оваа изјава повторно реагираше претседателот на ДИК, велејќи дека не обвинил никого за попречување на прочистувањето на избирачкиот список и дека вчерашната реакција била во негово лично име, а не во име на ДИК.
Пред два дена премиерот Груевски го прозва Заев и од него побара на Кондарко како член на СДСМ да му наложи да почне да работи на прочистување на списокот.




