НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членство на Украина во ЕУ е неизводливо, велат „опинион-мејкерите“ на Политико

0
By Соња Крамарска on May 12, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Европската комисија е зафатена со изготвување на своето формално мислење за вонредната понуда на Украина за пристапување во Европската унија. Иако на емоционално ниво, одговорот на ЕУ кон апликацијата беше срдечен, при добивањето на документот, кој се очекува да биде објавен во јуни, Европскиот совет мора да го остави настрана сочувството. Кога станува збор за иднината на проширувањето, лидерите мора да бидат јасни и самокритични, бидејќи мислењето мора да се заснова на официјалните процедури за пристапување на ЕУ и да посочи зошто се неопходни“, пишува за европски Политико, Ендрју Даф, поранешен член на Европскиот парламент.

Во подолгиот текст тој понатаму елаборира и дека изненадувачката апликација од Украина, Грузија и Молдавија е вистинската можност ЕУ конечно да се откаже од глумењето дека секогаш ќе прима нови земји за членство кога тие тврдат дека се подготвени – фикција која со години го попречуваше позитивниот развој на Западен Балкан и заврши со Турција која е кандидат од 1999 година.

Главниот акцент во мислењето на Комисијата, вели авторот, ќе биде на неподобноста на Украина да биде прогласена за земја-преговарач за членство според сегашните правила. Дури и пред руската инвазија, Украина беше многу сиромашна земја, нејзиниот БДП по глава на жител е под половина од оној на Бугарија. Од нејзиниот Договор за асоцијација и стабилизација со ЕУ од 2014 година, напредокот е бавен, при што интеграцијата на земјата на единствениот пазар заглави бидејќи не ги исполни нормите на ЕУ за управување.

Даф додава дека е факт оти Украина едноставно нема капацитет да го преземе товарот на членството во ЕУ. Европската комисија, вели тој, ќе мора да го предупреди Киев дека иако е во право што аплицира за членство, во пракса, неговиот процес на пристапување ќе потрае најмалку една напорна деценија.

„Друг дел од загатката за проширување е сопствениот капацитет на ЕУ да ги апсорбира новодојденците. Никој кој знае како функционираат бриселските институции – односно без силна влада – не може да биде уверен дека ЕУ е способна да го апсорбира националниот проблем на Украина. Само погледнете како ЕУ веќе се бори да се справи со своите постоечки членки кога тие не го исполнуваат владеењето на правото. И иако реизборот на францускиот претседател Емануел Макрон значи дека реформата на договорот за ЕУ ​​е повторно на дневен ред, тоа исто така ќе биде долг и деликатен процес – а не брз лек за Украина“, смета поранешниот пратеник во Европскиот парламент во ставот што го објави во Политико.

Несомнено, ветувањето за евентуално членство во ЕУ би било вредно за украинскиот претседател Володимир Зеленски, но последното нешто што му треба сега е да се изгуби во поглавјата за законодавство, правни акти и судски одлуки кои го сочинуваат телото на ЕУ.

Тој посочува и дека Украина, излегувајќи од конфликтот со Русија, најверојатно ќе мора да управува со национализмот со висок напон, во комбинација со голема нетрпеливост од членките на ЕУ за нејзина европска интеграција.

„Посакуваните желби и лажната надеж од Брисел не се добра основа за закрепнување на Украина. Наместо тоа, ЕУ ќе направи подобро ако му понуди на Киев нешто што носи реални политички придобивки и што може да се испорача веднаш. Во таа насока, воведувањето на нова категорија на придружно членство ќе ги зголеми инструментите со кои располага ЕУ, помагајќи да ги преземе нејзините зголемени одговорности во поширокото европско соседство. За Украина, придружното членство би било надградба на нејзиниот сегашен договор за асоцијацијаи стабилизација, што вклучува посилни функционални врски меѓу Киев и извршните, законодавните и судските институции на ЕУ“, се наведува во мислењето.

Потоа, тука е прашањето за безбедноста. Знаеме дека Украина нема да влезе во НАТО, а апликацијата за членство во ЕУ не гарантира воена безбедност. Како такво, членството во ЕУ, исто така, треба да биде поткрепено со покана за учество во новиот Европски совет за безбедност – меѓувладино тело на врвот на западната безбедносна архитектура што произлезе од кризата. Овој совет за безбедност може да го премости историскиот јаз меѓу двете бриселски организации на ЕУ и НАТО, помагајќи им на првата да дејствува воено, а втората да размислува стратешки – а негов главен приоритет би бил да и обезбеди на Украина сигурна одбрана од каква било понатамошна руска агресија.

„Знаеме дека целосниот прием на Украина во ЕУ не е изводлив, а ниту членството нема да помогне да се реши нејзината сегашна неволја. Меѓутоа, со брзо дејствување овој јуни, европските лидери, поддржани од Соединетите Држави, конечно имаат можност да го зајакнат уставот на Унијата, да го рестартираат НАТО и да ја обноват Украина, сето тоа во еден потег“, тврди авторот во статијата.

Политико Украина членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.