Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев: Во март очекуваме 100.000 обрасци за пасоши

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2020 13:17

Министерството за внатрешни работи (МВР) очекува да добие 100.000 обрасци за патни исправи во март. Во моментот се преостанати 3.700 од 650 ќе бидат за издавање на патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. До пристигнување на новата пратка, размислуваме за ставање во мирување на системот за издавање патни исправи, информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Тој повтори дека од моментот на преземање на функцијата се соочил со недостиг на лични документи. Притоа, како што нагласи, недостигот за лични карти и возачки дозволи е надминат со натчовечки напори и ургенции до „Веридос“, но проблемот со патни исправи остана и понатаму „како резултат на лошо планирање, пропусти во работењето и несовесно работење и доцнење со нарачката на патните исправи“.

„Имено на 6 декевмри во 2019 година, во информација доставена до министерот за внатрешни работи од помошникот министер, се укажува дека на залиха имало 88.100 пасоши. Кога дојдов јас како министер службите ме информираа дека имаме сериозен недостиг на лични документи, вклучително и пасоши, и само еден месец подоцна, на 8 јануари 2020 година, бев информиран дека имаме само 27.580 пасоши или околу 50.000 помалку“, рече Чулев.

Тоа е, рече Чулев, резултат на несовесно и нестручно работење и во моментов се врши истрага за утврдување на одговорноста.

„Во моментот имаме околу 16.500 поднесени барања за издавање на пасоши во редовна постапка, а по итна истапка до вчера имваме околу барања за околу 3.700 патни исправи, рече Чулев.

Приоритет за издавање на пасоши ќе имаат лицата со здравствени проблеми

Тој додаде дека во саботата остварил контакт со германската Амбасада, а предложил и заклучоци до Владата да изнајде модус или методологија за надминување на состојбата, но, како што нагласи, „од Владата немало разбирање и го вратила предметот во ингеренции на МВР“.

Заедно со управувачкиот комитет на МВР, кој одлучува за овие проблеми и со заменик дополнителниот министер, вчера го разгледувале проблемот за можни решенија и заклучиле дека системот за издавање патни исправи мора да се стави вон функција, односно да се забрани аплицирање за издавање пасоши по редовна и по итна постапка.

„Во МВР сме при крај за утврдување на методологијата и приоритет ќе имаат сите оние случаи за кои е неопходно издавање на пасоши поради здравствени причини“, рече Чулев.

Наредната нарачка од Веридос, согласно склучениот договор, е 24 март, но имаат ветувања од компанијата дека тој рок може да се скрати од 10 дена до две недели, но тоа не е официјализирано. Нарачка има и за обрасци за нови патни исправи со новото уставно име кои треба да дојдат од септември.

Наќе Чулев Обрасци пасоши Патни исправи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.