Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чупеска за Нова ТВ: Препораките на Комисијата не задираат во идентитетот

0
By Sashko on August 19, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 19, 2022 16:40
Објавените препораки на Мешовитата комисија не задираат во идентитетот. Членовите на Комисијата се докажани интернационални стручњаци кои се вредни за почит и како такви, тие во никој случај не би си дозволиле „идентитетска екскурзија“. Да беше така, препораките никогаш немаше да го видат светлото на денот, изјави универзитетската професорка од Правниот факултет, Ана Чупеска за Нова ТВ.
Мешовитата комисија на почетокот на оваа недела испорача по пет препораки за македонската и за бугарската влада кои се однесуваат на учебниците за шесто одделение кај нас и за петти клас кај источните соседи, но и за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, за Свети Климент, за Свети Наум и за Цр Самоил. Сами по себе предизвикаа бројни реакции од двете страни на границата и беа предмет на различни толкувања.
„Не сметам дека препораките на било каков начин задираат во идентитетот, туку напротив. Членовите на Комисијата се докажани интернационални стручњаци, вредни за почит, и како такви во никој случај не би си дозволиле „идентитетска екскурзија”. Жалам што врз колегите се прави невиден притисок и не е точно дека „го продаваат идентитот”. Ако беше така, препораките немаше да го видат светлото на денот, ниту секојдневно ќе образложуваа што и како препорачале. Секогаш се спремни да ги аргументираат своите ставови и да го бранат македонскиот интерес. Тие не се политичка комисија, туку стручна и затоа не смее да бидат предмет на притисоци. Нашата јавност, за жал, не е докрај еманципирана и не ретко јава на бранот на етнонационализмот. Како и да е, работата на Комисијата не е во ред да биде доведувана во прашање во вакви деликатни политички околности. Мислам дека треба да се остават „на мир да работат”, затоа што тоа е општ интерес за сите“, вели Чупеска.
За реалната употребна вредност на препораката на Мешовитата комисија за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, на Свети Климент, на Свети Наум, на Цар Самоил, Чупеска смета дека најмногу ќе зависи од политичката волја на двете држави потписнички на Договорот за добрососедство и соработка.
„Реалната и упоребна вредност на препораките на Комисијата најмногу ќе зависи од политичката волја кај двете страни потписнички на Договорот за добрососедство. Во секој случај, идеите во препораките може да поврзат и со општите препораки на УНЕСКО и на Совет на Европа кои се поврзани со образованието, а во насока на намалување на антагонизмите меѓу двата народа, притоа следејќи ги научните вистини, и за подобрување на соседските односи“, истакнува Чупеска.
Интерес на многумина е да се поттикнуваат антагонизам меѓу македонскиот и бугарскиот народ, па дури и по ризик на безбедноста, потенцира Чупеска, како одговор на спротивставените ставови во однос на препораките во чиј дел се провлекува и нишка на триумфализам.
„Треба да бидеме мудри и да не дозволиме да бидеме вовлечени во тие води. Претходно сум рекла и сега сакам повторно да нагласам дека во вакви деликатни времиња на војна и на кризи, лесно може да се злоупотребува и оттука секој има голема одговорност за јавно искажан збор. Лично јас во препораките не гледам ниту победи, ниту порази, туку препознавам напредок во цивилизациска смисла. Тоа, како прво, подразбира разговарање за болните теми, и како второ, приближување на перспективите, наместо вечен антагонизам и заробениптво во националшовинистички приказни. Тоа треба да нè радува, а не да нè прави нервозни“, порачува Чупеска.
Нормализацијата и унапредувањето на соработката, додава таа, зависи од двата субјекти.
„Среќна сум што нашата политика е мирољубива, пријателска и консеквентна. Во тој правец, ние како земја сме доследни на таа заложба. Најлесно е да се создат непријатели, а потешко е да направиш пријатели. Ние како мала земја, со ограничени ресурси на тој план, мислам дека имаме успех. За другата страна, имам впечаток дека на сите им е јасно каква политика води“, заклучи Чупеска.
С.Д.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.