Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чувањето доверливи информации е обврска, не ставка за надомест

0
By Нова ТВ on November 27, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 27, 2019 11:14

Пишува: Љубиша Арсиќ

Законот за класифицирани информации е прописот кој ги уредува тајните и доверливите информации и податоци. Законот ја уредува класификацијата на информациите, условите, критериумите, мерките и активностите што се преземаат за нивна заштита, правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани информации, меѓународната размена, како и други прашања во врска со користењето класифицирани информации.

Класифицираните информации се означуваат со степени на класифицираност, па постојат четири видови заштити – државна тајна, строго доверливо, доверливо и интерно, како и уште една форма, кога информацијата е од јавен карактер, но заради некои специфични околности поврзани со ефикасноста на работењето на управата и се става назнака – за ограничена употреба.

Овој закон во моментов е во Парламентот за да се направат некои измени кои ги наметнуваат НАТО критериумите, пред Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата, но ниту во тие измени, ниту во постоечкиот закон не е запишано дека имателите на доверливи информации или нивните корисници ќе наплатат од државата затоа што ги имаат и ги користат таквите податоци.

Кој и по колку да им плати на оние кои цел живот имаат доверливи информации и осетливи предмети

По читањето на Законот за класифицирани информации се заклучува дека обврската и одговорноста околу доверливите информации потекнуваат од самата позиција/функција што ја извршува лицето кое поседува, разменува или користи ваков вид заштитени информации. Што значи тоа?

Дека со платата која ја земале специјалните обвинители, а сигурно била далеку над просечната, па и повеќе од пристојна, најверојатно се предвидува и чувањето доверливи информации и документи. Платата е личен месечен доход за остварен труд, па кај обвинителите, покрај тоа што истражуваат докази, пишуваат обвинителни акти, се појавуваат во судница за застапување предмети, сигурно и молчењето за одредени доверливи информации спаѓа во спецификацијата на нивните работни позиции. Па зарем ако не си наплатиле по срамни четири илјади евра месечно за чување доверливост би оделе по улица и би раскажувале какви информации имаат?

Сигурно дека не, а зошто? Затоа што природата на обвинителската работа е понекогаш да поседуваш доверливи информации, но не и да ти платат за да ги чуваш.

Сигурно после скандалот што деновиве го тресе СЈО, специјалните обвинители не би се согласиле со оваа теза и ќе останат тврдо на ставот дека тие ги чувале, архивирале, физички и информатички ги обезбедиле сите информации и податоци со кои располагаат, не дозволиле ниту една снимка да излезе надвор (таман работа да дозволеа, покрај резилот со шефицата, па сега и со надоместоците).

Но знаете што? Сите аргументи кои СЈО ги користи за да ги оправда ваквите суми изразени во стотици илјади евра се залудни за да си го поправат впечатокот. Па, сите други институции, сите други поединци во државата кои имаат доверливи информации го прават со години истото што го правеа специјалните обвинители во изминатите три години во однос на заштитата на  доверливите материјали, а кој им плати ним?

Во Законот за класифицирани информации е наведено дека за заштита на класифицираните информации се преземаат мерки и активности за административна, физичка, информатичка и индустриска безбедност, како и за безбедност на лицата. Во превод, сето ова се прави, но без дополнителен надоместок за никого во службите кои располагаат со класифицирани информации.

Зошто чувањето доверливи информации од страна на специјален обвинител да биде платено по четири илјади евра народни пари, а другите обвинители да не земат ниту денар, иако некои од нив некогаш имале допир со класифицирани податоци кои ги чувале во иста мера како и специјалните? Дали ова ги навредува јавните обвинители низ другите обвинителства, знаат во СЈО.

Или да посочиме подиректен пример- таен агент.

Тоа се лицата кои во секое време, во цел работен век, имаат доверливи информации, многу пати далеку построги тајни од оние кои ги имаат во СЈО. Кој ним им плаќа и по колку?

Зошто нивната професионална позиција да им наложува чување на доверливите информации без паричен надоместок, а на специјалните обвинители било неопходно да им се плати. И трагичното-дали ако некому се плати четири илјади евра месечно или 50 илјади евра годишно е гаранција дека тој никогаш никаде нема да изусти ништо? Се сомневам.

Сертификати

Ако споредбата со тајните агенти беше груба, иако е најадекватна, да се симнеме подолу, кај професиите кои имаат доверливи информации, не само од општествен, туку и од личен карактер.

Вработените во Центарот за јавно здравје, особено раководството, во секое време може да има податок за сечија здравствена состојба. Некои дијагнози и состојби на пациентите се доверливи информации, но на лекарот никој не му плаќа месечен надомест за да ја чува тајната на пациентот, туку тоа го прави од етички и морални причини.

Истото е и со адвокатите, на пример. Имаат клиенти со години и практично знаат се за нив, но ниту во еден момент чувањето на доверливоста не се наплатува. Едноставно тоа спаѓа во професионалноста и одговорноста на секој имател на некаква доверлива информација. Доверлива информација за судот, односно за судија или стручен советник може да биде процес со брачен развод.

Може бескрајно да се вулгаризира со споредби, но едно е факт- некои обвинители од СЈО можеби ќе мораат пред колегите од организиран криминал кои започнаа предистражна постапка, да се правдаат врз основа на што е донесена таквата одлука за надоместоци за доверливост, можеби да дадат компаративен пример која друга служба на државата наплатува за чување на доверливи податоци. Не со примери од регионот.

 

Во најмала рака, ако Катица Јанева, помогната од нејзиниот тим, проценила дека чувањето информации поврзани со прислушувањето или делови од аудио записите се доверливи, тогаш обвинителите би требало да имаат безбедносен сертификат. Ако го немаат тогаш како чуваат доверливи информации? Ако чувањето на тие информации е со сертификат тогаш поседувањето на тој документ го исклучува паричниот надомест, каков што е овој случај.

Имено, во Законот за класифицирани информации стои дека обврската за заштита на тајноста на класифицирани информации продолжува и по истекот на важноста на безбедносниот сертификат. Што значи заштитата на тајноста е задожителна и за времето додека трае сертификатот. Законот ја дефинира заштитата како обврска, а ако е обврска, тогаш зошто дополнително се наплатува?

За волја на вистината, сето ова ќе звучеше поинаку и можеби реакциите за надоместоците (иако според огромната сума – тешко) ќе беа поинакви, ако специјалните обвинители зад себе имаа пресуди со ефективни затворски казни за функционерите на ВМРО ДПМНЕ, и уште поважното, да не им се случеше крахот со Јанева. После неуспехот со предметите кои се во суд, со незавршувањето на десетина започнати истраги, со ниту еден обвинет во притвор и со обвинение за перење пари и корупција на првата обвинителка, тешко дека јавноста ќе поверува во верзијата на СЈО за оправданоста на земените стотици илјади евра за само три години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.