Зоната 51 одсекогаш ги фасцинирала поборниците на теориите на заговор и вљубениците во паранормалното, а ЦИА конечно и службено призна дека постои контроверзната територија, јавува CNN.
Сепак, според нивните тврдења, Зона 51 не е подрачје на кое се прават експерименти со вонземјани туку служи за тестирање на програмата на владата за надзор на воздухопловството.
Зоната 51 се наоѓа на околу 200 километри северозападно од Лас Вегас, а меѓу луѓето стана симбол на таинственоста на владата кога станува збор за контакти со вонземјани.
Во најновиот документ во кој ЦИА признава за постоењето на Зоната 51 не се спомнува 0бдукција на вонземјани или паркиралиште за вселенски бродови.
Ова откритие тешко ќе го промени мислењето на оние кои веруваат дека цивилизација од вселената редовно ги посетува пустините во Невада.