Цигарите поскапуваат за три денари, а со нова цена ќе се продаваат од почетокот на наредниот месец.
Овие измените се согласно календарот за зголемување на акцизите, а доколку производителите не решат тие да ја компензираат разликата во цената цигарите по новата цена ќе се продаваат јули идната година.
Од 2017 поскапувањето ќе се зголемува по четири денари за кутија годишно, а трендот на поскапување ќе продолжи во наредните осум години.
Ако со новите цени најскапата кутија изнесува 133 денари, за 8 години цената ќе се искачи на 154 денари.