Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИКП истражување: Над 70% граѓани никогаш не биле на протест

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 11:42

Центарот за истражување и креирање политики од Скопје во рамките на проектот Застапување за отворена влада: право да знаеш во Југоисточна Европа спроведе истражување на репрезентативен примерок од 1100 испитаници за да ги спознае
перцепциите на граѓаните за транспарентноста, партиципативноста, отчетноста на власта (централна и локална) во Република Македонија.

Истражувањето покажа дека 73,1% од вкупниот број испитанци никогаш не учествувале на демонстрации и/или протести, индикатор кој покажува за мошне низок степен на граѓански активизам и користење на директната демократија како инструмент за држење на Владата одговорна за своите постапки во земјава.

Истовремено, граѓаните не веруваат ниту во институционалните механизми за влијание и контрола над Владата. Испитаниците беа прашани за неколку механизми и колку тие можат да влијаат врз владините одлуки.

Прашањата се однесуваа на: (1) парламентарните комисии, (2) пратениците, (3) опозициските партии, (4) Државниот завод за ревизија, (5) Народниот правобранител, (6) приватните ТВ станици и печатот, (7) синдикатите, (8) месните заедници, (9) граѓанските групи и невладините организации, (10) Црквата, (11) големите меѓународни
компании и (12) домашните бизнисмени и банкари.

Граѓаните сметаат дека бизнисот и политиката најмногу влијаат на Владата. Имено, највлијателни според перцепцијата на граѓаните се меѓународните компании (72,4%), а по нив следат пратениците (68,2%), домашните бизнисмени и банкари (62,3%),
парламентарните комисии (56,5%).

Институционалните механизми за контрола и надзор имаат помала доверба дека влијаат на работата на Владата. Имено само 47,8% од граѓаните сметаат дека народниот правобранител има влијание, додека само 23,1% од граѓаните веруваат дека Државниот завод за ревизија (ДЗР) има моќ да влијае на работата на Владата, а 20% дека има некаква моќ да влијае.

Довербата во ДЗР како котролен орган е помала и од довербата во моќта на Црквата (46,4%), на опозицијата да ја контролира работата на владата (46,3), и на приватните ТВ станици и печатот (45%), а најмала е довербата во синдикатите(36,4%) инивната моќ да влијаат врз власта. Флуктацијата на одбивање на одговори за оваа тема варираше од 13-30%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.