Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Cinedays: По повод нападите во Париз, бесплатна проекција на „Дипан“ во Милениум

0
By Нова ТВ on November 17, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на европскиот филмски фестивал Cinedays, вечерва во 20 часот во киното Милениум ќе се прикажува филмот „Дипан“ на францускиот режисер Жак Одиар кој годинава ја освои „Златната Палма“ на Канскиот филмски фестивал.

Екслузивни гости се и главните глумци Jesuthasan Antonythasan и Kalieaswari Srinivasan. Овој филм, меѓу другото, зборува за проблемите на мигрантите во Франција.

Проекцијата на филмот ќе биде бесплатна, во чест на загинатите жртви од теророт во Париз, одлучи директорот на фестивалот.

Во 22 часот ќе се прикажува „Мојата мајка“ на Нани Морети. Филмот веќе освои неколку награди меѓу кои и од Екуменското жири на Канскиот филмски фестивал.

Ова е приказна за Маргерита, режисерка која снима филм со познатиот американски актер, Бери Хагинс и кој ѝ создава многу главоболки за време на снимањето.

Во киното Фросина во 19 часот е закажана проекција на филмот „Светот е мој“ во режија на Николае Константин Танасе.

Овој романски филм е дел од официјална селекција и е приказна за шеснаесетгодишната Лариса која живее во еден мал приморски град.

Програмата продолжува во 21 часот со „Симшар“ на Ребека Кремона. Филмот на Ребека Кремона е во конкуренција за награда на „Синедејс“ како дел од официјална селекција.
Се работи за приказна за малиот Тео кој заминува на риболов со татко му и дедо му, рибари од Малта, но работите фаќаат лош правец кога нивниот брод „Симшар“ ќе потоне, а тие ќе останат заробени среде Медитеранот…

Во џебното кино во 20 во рамките на музичките документарци, ќе се прикажува „Секс и пренос“ на Тим К. Смит, американска приказна за животот, за слободата и за едно независно радио.

Оваа приказна за радиото WFMU од Њу Џерси длабински ја разоткрива најуникатната станица во светот и обидот на Кен Фридман да ја одржи во живот наспроти постојаната опасност од нејзино затворање.

Во истото џебно кино во 22 часот ќе се прикажува „Смртта“ на Бернардо Бертолучи.

Филмот на Бертолучи е во рамките на ревијата филмови посветени на Пазолини. Во близина на реката Тибер, во еден римски парк, убиена е проститутка. Полицијата трага по луѓето што биле во паркот таа вечер. Ги испрашува и тие мораат да објаснат зошто биле таму. Еден од нив е убиецот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.