Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Штедењето мора да заврши пред стравот да ја уништи грчката демократија

0
By Нова ТВ on January 24, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 24, 2015 13:18

Синоќа во Атина Сириза го одржа последниот митинг пред утрешните избори, на кои се очекува грчката левица да победи за прв пат во историјата на грчката држава. Последните анкети покажуваат дека Сириза ја зголемува предноста пред Нова демократија.

Алексис Ципрас, шеф на парламентарната група СИРИЗА за Фајненшл Тајмс вели дека по утрешите избори, Грција ќе се смени.

-Мојата партија, Сириза, гарантира нов општествен договор за политичка стабилност и економска сигурност. Ние нудиме политики кои ќе стават крај на штедењето, ќе ја зајакнат демократијата и општествената кохезија и повторно ќе ја воспостават средната класа. Ова е единствениот начин за да се зајакне еврозоната и да се направи европскиот проект привлечен за граѓаните ширум континентот, се вели во текстот на Ципрас.

-Мора да завршиме со штедењето за да не дозволиме стравот да ја убие демократијата. Доколку силите на напредокот и демократијата не ја променат Европа, тоа промена ќе ја донесат Марин ле Пен и нејзините екстремно десни сојузници. Имаме должност да преговараме отворено, чесно, како еднакви со нашите европски партнери. Нема смисла доколку секоја страна започне да го покажува своето оружје и моќ.

Би сакал да разјаснам едно погрешно толкување: балансирањето на владиниот буџет не значи автоматско воведување на мерки за штедење. Владата предводена од Сириза ќе ја почитува обврската на Грција, како дел од еврозпоната да одржува балансиран буџет, и ќе се посвети на остварување на квантитативни цели. Сепак, основите на демократијата овозможуваат секоја новоизбрана влада да одлучи на кој начин ќе ги оствари тие цели.

Штедењето не е дел од европските договори; но нивен составен дел се демократијата и принципот на популарен суверенитет. Доколку жителите на Грција ја изразат нивната доверба во нас со нивните гласови, спроведувањето на нашата економска програма нема да биде “едностран” чин, туку демократска обврска.

Дали постои логична причина да се продолжи со пропишаната терапија доколку додатно ја влошува здравствената состојба? Мерките за штедење се неуспешни во Грција. Ја оштетија економијата и оставија без работа голем дел од работоспособното население.

Тоа е хуманитарна криза. Владата им вети на кредиторите на државата дека додатно ќе ги намали платите и пензиите, и ќе ги зголеми даноците во 2015 година. Но, овие обврски само додатно ја условуваат владата на Антонис Самарас – која, поради таа причина, нема да добие уште еден мандат на 25 јануари.

Ние сакаме да ја доведеме Грција на ниво на исправна, демократска европска држава.

Нашиот манифест, познат како Солунската програма, содржи збир на фискално балансирани краткорочни мерки за ублажување на хуманитарната криза, рестартирање на економијата и враќање на луѓето на работа.

За разлика од претходните влади, ние ќе се справиме со внатрешните фактори кои ја поттикнаа кризата. Ќе им се спротивставиме на сите економски олигарси кои избегнуваат плаќање на даноци. Ќе обезбедиме социјална правда и одржлив раст, во контекст на општествена пазарна економија.

Јавниот долг порасна до застрашувачки 177 проценти од бруто домашниот производ. Тоа е неодржливо; вршењето на исплаќањата е многу тешко. На постојните кредити, ние бараме поставување на услови за враќање кои не предизвикуваат рецесија и не ги втурнуваат луѓето во уште поголем очај и сиромаштија. Ние не сакаме нови заеми; не може да продолжиме да додаваме долгови врз планината од задолженост.

Конференцијата во Лондон во 1953 година и помогна на Германија да оствари повоено економско чудо со ослободувањето на државата од товарот на грешките од минатото (Грција беше дел од меѓународните кредитори кои учествуваа). Бидејќи штедењето предизвика презадолженост во земјите низ Европа, ние се залагаме за одржување на Европска должничка конференција, која исто така ќе даде силен поттик за растот во Европа. Тоа не е вежба за креирање морален хазард. Тоа е морална должност.

Очекуваме Европската Централна Банка да започне сеопфатна програма за квантитативно олеснување. Тоа е нешто што одамна требаше да биде сторено. Треба да биде воспоставено на доволно висок степен за да ја излечи еврозоната и да и даде значење на фразата “ќе се направи се што треба за да се спаси единствената валута”.

На Сириза ќе и биде потребно време за да ја промени Грција. Само ние можеме да гарантираме крај на неодговорните и корупциските клептократски практики на политичката и економската елита. Досега не сме биле во владата; ние сме нова сила која нема никаква поврзаност со проблеми од минатото. Ние ќе ги спроведеме реформите кои навистина и се потребни на Грција, пишува Ципрас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.