По бурните реакции на јавноста преку социјалните мрежи во врска со објавувањето на цитат од Гебелс на Фејсбук страната на правниот факултет „Јустинијан Први“ администраторот одлучи постот да го тргне од социјалната мрежа.

Претходно Правниот факултет јавно се огради од сите портали, профили на социјални мрежи (Facebook, Twitter, MySpace и др.) и други облици на електронско огласување кое неовластено, во име на Правниот факултет, лажно објавуваат содржини.

Останува нејасно кој ќе ја превземе одговорноста за скандалот.