Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Голем број инциденти и нерегуларности

0
By Нова ТВ on April 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 7, 2013 12:44

Набљудувачите и активистите од работните групи за превенција на ЦИВИЛ и денеска, на денот на гласањето во вториот круг на Локалните избори 2013, регистрираа повеќе случаи на нерегуларности и инциденти во повеќето општини каде што има втор круг или прегласување, информираат за НОВА.

До пладне, во Цивил стасале следните информации:

„Во Велес, набљудувачка на Цивил акредитирана од ДИК и со уреден документ од Цивил е спречена да влезе на избирачкото место 2147.

Нагласачкото место 2164 регистриран е обид за фотографирање. Во оваа општина, набљудувачи на невладината Платформа за сиромаштија се отстранети од зградата со полиција, за подоцна да им биде овозможенпристап до гласачките места.

Забележани се партиски активисти на одредена партија кои стојат пред избирачките места и вршат притисок врз гласачите.

Обид за фотографирање на гласачкото ливче е регистриран и во Ѓорче Петров на гласачкото место 2556.

Во општините Ѓ. Петров, Аеродром и Карпош во Скопје, како и во Тетово се забележува кршење на изборниот молк со дистрибуција на флаери во полза на одредени партии, односно кандидати.

Во Струмица, нашите набљудувачи ни јавуваат за силно присуство на полицијата и тензична атмосфера. Како што е познато, утринава во Струмица е скршена една избирачка кутија и имаше истрели од пиштол-плашливец.

Во Карпош, на гласчкото место број 2593 е регистриран случај на починато лице заведено во избирачкиот список. Истото лице било на списокот и во првиот круг на гласањето.

Во општина Центар, во Капиштец регистрирано е јавно прозивање на гласачите.

Особено тензична атмосфера е регистрирана во Кочани каде што многу видливо присуството на полицијата, особено по синоќешните апсења за кои се тврди дека се припадници на одредена политичка партија. Забележан е и зголемен број на гласачи со придружба.

Во општина Чаир, партиски активисти внатре во избирачките места имаат листи и ги евидентираат гласачи, а има и случаи на гласање со непревиткани ливчиња (гласачко место 2945).

Од Тетово доаѓа информација за активисти на одредена партија кои пред ОУ Кирил и Методиј нуделе пари за гласови.

Наша набљудувачка на гласачкото место 1020 во Куманово беше под притисок на партиски активист на одредена партија да не прибира белешки и изјави од граѓаните.”, информира ЦИВИЛ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.