Цивил-Центар за слобода смета дека моноетничкиот протести што за 13 јуни го закаќа двожењето Беса во овие денови е несоодветно.
“Во време на меѓуетничка обединетост невидена во последниве децении, Беса донесува несериозна политичка одлука за собирање на Албанците да искажат револт против режимот на Груевски и Ахмети.
Ова ново движење, за кратко време донесува две многу погрешни одлуки. Првата беше кога ги повика Албанците да не го подржат големиот протестен собир на 17 мај годинава. Тој протест беше организиран од повеќе од 80 граѓански асоцијации и политички партии. Многумина овој повик на Беса, но и на други албански политички партии го сметаа за пукање во сопствената нога. Така и беше. Албанците ги изигнорираа овие повици и масовно, заедно со сите останати, го наполнија просторот пред владата.
И, сега, наместо да ја поправат оваа нивна грешка, тие влегуваат во уште една авантура. Сами.”. реагира Цивил.




